Автор: K.

Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека во следните пет до 10 години би можеле да се појават нови реверзибилни контрацептивни методи за мажи, меѓу кои и гел кој се нанесува на кожата и привремено го намалува производството на сперматозоиди. Развојот на овие препарати има цел да ја промени досегашната распределба на одговорноста за контрацепцијата, која најчесто паѓа на жените. Додека жените имаат повеќе можности, како хормонски таблети, импланти или спирали, кај мажите изборот главно се сведува на употреба на кондоми или вазектомија, која е трајна процедура. „Во моментов се спроведуваат студии за различни хормонски и нехормонски методи на контрацепција за…

Прочитај Повеќе

Бугарската претседателка Илијана Јотова порача дека европскиот пат на Македонија не може да се движи преку ултиматуми и политички условувања, туку преку дијалог и почитување на преземените обврски. Коментарот на Јотова доаѓа по барањето испратено од македонските власти за билатерална средба меѓу претставници на двете земји. Јотова, која присуствувала на одбележувањето на 114-годишнината од ослободувањето на Горна Џумаја во Благоевград, изјавила дека е умерен оптимист и дека ќе побара од бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова да го разгледа барањето за средба во Софија. Таа истакнала дека не ги знае деталите од разговорот меѓу претседателката на Европската комисија Урсула…

Прочитај Повеќе

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се откриваат секоја година во Македонија, а во моментов околу 7.000 жени се лекуваат или веќе поминале низ третман за ова заболување, информираше министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ организиран од ХЕМА-ОНКО во Паркот кај Школка. На настанот присуствуваше и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои испратија порака за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка. Клековски посочи дека навременото откривање е еден од клучните фактори за успешно лекување, но нагласи дека постојната скрининг програма за рак на дојка не ги…

Прочитај Повеќе

Силното невреме што веќе неколку дена го зафаќа грчкиот остров Крит предизвика нови поплави во поширокото подрачје на Иерапетра, поради што грчката противпожарна служба превентивно евакуираше 47 туристи од хотели и апартмани во областите Ферма и Куцунари. Според грчките власти, обилните врнежи и понатаму создаваат сериозни проблеми, а поплавени се повеќе патишта во регионот. Преку системот за итни известувања 112 повторно беше испратен апел до граѓаните и туристите да го ограничат движењето и да ги следат упатствата на надлежните служби. Од противпожарната служба информираат дека евакуираните туристи се префрлени на безбедна локација и дека нема повредени или лица во животна…

Прочитај Повеќе

Во текот на изминатите 24 часа, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишиле од слобода 12 лица поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик. Според Министерството за внатрешни работи, деветмина од приведените управувале возила без да поседуваат возачка дозвола. Меѓу нив се лица од Скопје, Битола, Велес, Градско и Делчево, како и двајца малолетници на возраст од 15 и 16 години. Полицијата привела и двајца возачи кои биле затекнати зад волан и покрај тоа што имале активна забрана за управување, а истовремено биле под дејство на алкохол. Дополнително, уште…

Прочитај Повеќе

Необична сцена утрово привлече внимание во скопската населба Карпош, каде кобила се ождреби среде улица. Настанот предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, откако граѓани споделија фотографии и информации од местото. Фотографиите ги објави Игор Паневски, додека засега не е познато кому му припаѓа кобилата. Активистката Билјана Николовска раскажа дека застанала за да му помогне на новороденото ждребе, кое лежело на коловозот. Таа успеала да го премести на тревната површина покрај патот, нагласувајќи дека останатите минувачи главно застанувале само за да снимаат со мобилните телефони. Околу еден час подоцна повторно се вратила на местото за да провери како е животното, но…

Прочитај Повеќе

Скопје синоќа беше центар на културните случувања со одржувањето на 22. издание на манифестацијата „Бела ноќ“, која донесе богата програма исполнета со концерти, изложби, театарски претстави, перформанси и мултимедијални настани на повеќе локации низ градот. Плоштадите, улиците, музеите, галериите и Старата скопска чаршија се претворија во отворена сцена, привлекувајќи голем број посетители кои уживаа во програмата до раните утрински часови. Еден од најпосетените настани беше концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“ на платото пред Националната опера и балет. Забавата продолжи и по полноќ со настапи на диџеи и електронска музика на повеќе локации во градот. Покрај музичката програма,…

Прочитај Повеќе

Новак Ѓоковиќ обезбеди место во полуфиналето на АТП турнирот во Пекинг, откако во возбудливо четвртфинале го совлада првиот носител Александар Зверев со 4:6, 6:4, 6:4. Српскиот тенисер уште еднаш покажа зошто е еден од најголемите во историјата на овој спорт, правејќи пресврт против вториот тенисер на светот по два часа и 35 минути игра. Зверев подобро го отвори натпреварот и го освои првиот сет со 6:4, но Ѓоковиќ возврати во продолжението. Со сигурна игра во клучните моменти ги доби следните два сета со идентични 6:4 и обезбеди пласман меѓу четирите најдобри. Со оваа победа, 39-годишниот Ѓоковиќ испиша нова страница во…

Прочитај Повеќе

Македонската фудбалска репрезентација продолжува со лошата серија во Лигата на нации. По седмиот натпревар по ред без постигнат гол и новиот пораз на домашен терен, овојпат од Шкотска со 0:2, селекторот Гоце Седлоски не планира да се повлече и најави продолжување на започнатиот процес. По уште едно бледо издание на Националната арена „Тодор Проески“, во кое гостите беа подобар противник во сите сегменти, Седлоски им честиташе на Шкотите и посочи дека разликата во квалитет била очигледна, особено во физичката подготовка и интензитетот на играта. „Честитки за Шкотска, беа побрзи, помоќни во дуелите и затоа играат таму каде што играат. Против…

Прочитај Повеќе

Граѓаните на Босна и Херцеговина денеска гласаат на избори на кои се избираат нови претставници на државно, ентитетско и кантонално ниво. Право на глас имаат 3.408.517 регистрирани гласачи, а избирачките места ќе бидат отворени од 7:00 до 19:00 часот. Гласачите своето право можат да го остварат со важечка лична карта, возачка дозвола или пасош издаден од Босна и Херцеговина. Изборниот процес се одвива под засилени безбедносни мерки, а изборниот материјал и гласачките места се обезбедени од полициските служби преку физичко, оперативно и сообраќајно обезбедување. Во текот на изборниот ден е во сила изборен молк, кој трае до затворањето на гласачките…

Прочитај Повеќе