Утрово сообраќајот на државните патишта низ Македонија се одвива непречено, по наместа влажни коловози, а интензитетот надвор од градските средини е умерен, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Според АМСМ, на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата.
Од таму апелираат возачите да бидат особено внимателни на патиштата што минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде постои можност од појава на одрони.
Зголемена претпазливост се препорачува на патните правци:
– Катланово – Велес
– Маврово – Дебар – Струга
– Виница – Берово
– Кочани – Делчево
Поради градежни работи, на патниот правец Кичево – Охрид сообраќајот се одвива по девијации и со поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Изменет режим на сообраќај има и на делницата Калишта – Радожда, кај местото Елен Камен, каде возилата се пропуштаат наизменично по една сообраќајна лента.
