Автор: K.

Одбивањето секс не мора да значи одбивање на партнерот. Напротив, едно ново истражување покажува дека топлото и искрено „не“ може да остави подобар впечаток и да го зачува задоволството во врската повеќе отколку луто одбивање, избегнување на ситуацијата или прифаќање секс само од чувство на должност. Речиси секој пар се соочува со ситуација кога едниот партнер сака интимност, а другиот во тој момент едноставно не е расположен. Причините можат да бидат различни – замор, стрес, обврски или едноставно недостаток на желба. Проблемот најчесто не е самото одбивање, туку начинот на кој тоа ќе биде кажано. Партнерот кој иницирал интимност може…

Прочитај Повеќе

Постојат многу причини поради кои некој може да го изневери партнерот, но познатата психотерапевтка и авторка Естер Перел смета дека зад многу случаи се крие една слична причина – чувството на „мртвило“ во врската. Иако зборот звучи драматично, според стручњаците станува збор за постепена емоционална оддалеченост која може незабележливо да се појави во долгите партнерства, пишува „The Sun“. Советничката за врски Џес Метјуз објаснува дека оваа состојба може да се однесува и на поединецот и на целокупната динамика меѓу партнерите. Најчесто се појавува откако ќе помине почетната фаза на заљубеност, а во односот ќе се вселат рутината и секојдневието. Тогаш…

Прочитај Повеќе

Македонската фудбалска репрезентација претрпе нов пораз во Лигата на нации, откако загуби со 3:0 на гостувањето кај Швајцарија во Луцерн. Иако домашната селекција не одигра натпревар на своето највисоко ниво и не беше толку агресивна како во претходните дуели, максимално ги искористи грешките на македонските фудбалери и стигна до убедлив триумф. Првото полувреме донесе охрабрувачка слика за Македонија. Избраниците на Гоце Седлоски добро стоеја на теренот, успеваа да ги ограничат Швајцарците и долго време одржуваа резултат кој оставаше простор за позитивен исход. Сепак, клучниот момент се случи во финишот на првиот дел. Недоразбирање меѓу Езџан Алиоски и Висар Муслиу во…

Прочитај Повеќе

МЗТ Скопје по повеќе од 25 години повторно заигра на европската сцена, но враќањето не заврши со победа. Во салата „Јане Сандански“, грчкиот Ираклис славеше над актуелниот македонски шампион со 59:64. Најефикасен кај тимот од Аеродром беше Ноах со 18 поени, додека Ворнер додаде 11 поени, но тоа не беше доволно за МЗТ да стигне до пресврт и прва европска победа по враќањето. Домашниот тим имаше шанса за целосен пресврт во драматичната завршница. МЗТ успеа да се доближи на само еден поен негатива (57:58), но не ги искористи двата последователни напади за прво водство. Ираклис веднаш казни и поведе со…

Прочитај Повеќе

Апсењето на обвинител од Вишото јавно обвинителство во Битола повторно го стави во центарот на вниманието бизнисменот Борче Марковски, сопственик на „Марковски компани“, бидејќи случајот се поврзува со постапката во која нему му беше вратен претходно одземениот пасош. Марковски е битолски бизнисмен и сопственик на компанија која со години работеча на големи проекти, а во јавноста особено се најде по отворањето на истрагата за тендер во РЕК „Битола“. Тој е првообвинет во предметот за јавна набавка вредна околу 1,7 милиони евра за дислокација на шест погонски станици од рудникот „Осломеј“ во РЕК „Битола“. Обвинителството тврди дека условите на тендерот биле…

Прочитај Повеќе

Неофицијално дознаваме дека пред малку во Прилеп е уапсен обвинител од Вишото јавно обвинителство во Битола. Според неофицијални информации, случајот се поврзува со постапување околу враќањето на пасошот на бизнисменот Марковски. Дали станува збор за случајност или за постапување поврзано со конкретниот предмет останува да покажат официјалните информации и понатамошната постапка.

Прочитај Повеќе

Само две недели откако студентите се вселија во целосно реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, екипи на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје морале да интервенираат поради затнат одвод во еден од тоалетите. Причината, според информациите, биле фрлени неразградливи влажни марамчиња во тоалетната школка, што предизвикале проблеми во канализацискиот систем. Случајот го сподели министерката за образование и наука Весна Јаневска, која упати апел до студентите да покажат поголема грижа кон условите во кои престојуваат и кон јавниот имот. „Обезбедивме најсовремени услови за престој на студентите во студентскиот дом ‘Стив Наумов’. Но, за тие услови да останат такви, неопходна е одговорност, совесност…

Прочитај Повеќе

Новак Ѓоковиќ стигна до својата 102. АТП титула во кариерата, откако го освои турнирот во Пекинг по предавањето на Алекс де Минаур во финалниот меч. Српскиот тенисер го доби првиот сет со 7:6, а во вториот сет Австралиецот побара медицински тајм-аут поради повреда. По кратката пауза, Де Минаур не успеа да продолжи и го предаде натпреварот, со што Ѓоковиќ го освои новиот трофеј. Со триумфот во кинеската престолнина, 39-годишниот Ѓоковиќ стана највозрасниот тенисер во историјата кој освоил турнир од категоријата АТП 500. За Ѓоковиќ ова е 102. титула на АТП турнирите, со што продолжува да се приближува до Роџер Федерер,…

Прочитај Повеќе

Јавниот обвинител Љубомир Лапе побара доживотна казна затвор за Трајче Бојковски, обвинет за четири убиства и два обида за убиство, на денешните завршни зборови во судскиот процес. Лапе во своето обраќање рече дека обвинетиот, иако работел како овчар, не ги штител немоќните, туку ги избирал како жртви. Според обвинителството, Бојковски нападнал постари и немоќни жени кои биле сами, при што четири од нив ги лишил од живот. „Доказите неспорно покажуваат дека Станче Каревска, Јанка Антевска, Марија Маринковска и Мира Станковска биле убиени на ист начин – со давење и притисок врз градниот кош“, изјави Лапе. Тој додаде дека кај дел…

Прочитај Повеќе

Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување едногласно ги усвои измените на правилата за утврдување на привремена спреченост за работа, по што од Фондот појаснија дека боледувањето нема да биде ограничено на пет дена. Од ФЗО нагласуваат дека пациентите нема автоматски да мора да се вратат на работа по истекот на петтиот ден. Промената од седум на пет дена се однесува само на периодот во кој матичниот лекар може да отвори боледување без дополнителна примена на медицинските критериуми предвидени за конкретната дијагноза. Доколку здравствената состојба бара подолго отсуство, боледувањето ќе продолжи согласно медицинските критериуми. Матичниот лекар и понатаму ќе може…

Прочитај Повеќе