Автор: K.

Најмалку 20 лица се повредени за време на синоќешните протести пред Собранието и владините згради во Приштина, каде што демонстрантите и полицијата влегоа во директен судир. Меѓу повредените се шест полициски службеници, додека дел од граѓаните побарале медицинска помош по немирите. За време на интервенцијата полицијата употребила солзавец и водни топови, откако демонстрантите фрлале камења и пиротехнички средства и палеле контејнери. Протестите беа организирани со барање за итно усвојување на измените на законот поврзан со Специјализираните совети во Хаг, по пресудите против поранешни припадници на ОВК. Иако пратениците ги изгласаа измените во прво читање, засега не е постигнат договор за…

Прочитај Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски одговорајќи на новинарско прашање изјави дека нема големи очекувања од средбата во Софија меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија. -Имајќи ја предвид мојата анализа, која вчера му ја кажав на министерот за надворешни работи, еве ќе бидам повторно дипломатски некоректен, а имајќи го предвид однесувањето на официјална Софија, не очекувам потврда, не очекувам ништо. Очекувам некој дијалог на „пул асајд“, ние така го викаме, „на коњопој“ и тоа е отприлика тоа – одговори Мицкоски. Министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Тимчо Муцунски и Велислава Петрова-Чамова, треба да се сретнат в…

Прочитај Повеќе

Цариниците на граничниот премин „Дојран“ на излез од државата, спречија обид за нелегална трговија со 79 кг марихуана што требало да заврши на турскиот пазар, a возачот, босански државјанин е уапсен заедно со уште 4 лица, соопшти Царинската управа. Против петмината приведени е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Според Царината камионот со кој управувал босанскиот државјанин влегол во Македонија натоварен со железни профили кои требало да ги транспортира до Грција, а по претходен договор со лица од Македонија, на однапред договорена локација, извршен е претовар на марихуаната во…

Прочитај Повеќе

Над 4.500 „лажни корисници“ на гарантирана минимална помош и социјална сигурност меѓу кои има и починати лица и иселени граѓани се откриени при проверките што ги спроведува Владата, рече премиерот Христијан Мицкоски и најави дека проверките ќе продолжат. Тој тврди дека по деталната анализа и проверките на терен, фактурата за овој месец е за 200 милиони денари помала во споредба со истиот месец минатата година, а според неговата пресметка, од државниот буџет на годишно ниво се трошеле повеќе од една милијарда, па дури и до милијарда и пол денари за вакви исплати. Премиерот ваквата проверка ја претстави како реформа со…

Прочитај Повеќе

Одбраната на Артан Груби, второобвинет во предметот „Државна Лотарија“ до Основниот кривичен суд Скопје понуди гаранција во недвижен имот вреден 335.707 евра за укинување на дополнителната мерка на претпазливост за поранешниот вицепремиер. Од Судот информираат дека против обвинетиот, покрај куќниот притвор, е определена и мерка привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање патна или друга исправа за преминување на државната граница. Мерката куќен притвор за Груби, според Судот, истекува на 13 октомври 2026 година, но дополнителната мерка на претпазливост, продолжува да важи и по истекот на овие 60 дена, а по понудената гаранција е оформен предмет, кој е…

Прочитај Повеќе

Министерството за здравство соопшти дека надлежната Комисија за имунизација донела одлука за времено одложување на имунизацијата со БСЖ вакцината поради проверка на сериите кои се користат кај нас што следи по информации од хрватските медиуми за несакани реакции од оваа вакцина, а кои се од ист производител. Од Министерството потенцираат дека имунизацијата со оваа вакцина во нашата држава е задолжителна имајќи предвид дека земјата е со висок ризик од туберкулоза. Во моментот, на Институтот за ТБЦ има 95 пациенти со туберкулоза од кои 83 се од годинава, а во Детската болница Козле минатата година се евидентирани 15 случаи, а годинава…

Прочитај Повеќе

Во тек е темелно чистење на Камениот мост и плоштадот „Македонија“, соопшти Град Скопје и додава дека се отстрануваат натписите, графитите и насобраната нечистотија, со употреба на специјално средство и чистење под притисок, за овие простори повторно да го добијат својот уреден и достоинствен изглед. Дополнително, привршуваат активностите за архитектонско осветлување на Камениот мост и за повторно пуштање во употреба на подната фонтана, која со години беше оставена да пропаѓа. Скопје заслужува да биде чисто, уредено и гордо на своите обележја, а сите ние имаме обврска да го чуваме она што ни припаѓа заеднички, нагласуваат од Град Скопје.

Прочитај Повеќе

Општина Карпош продолжува со редовните инспекциски контроли на терен, со што покрај изречените опомени до физички лица, комуналните редари изрекоа и седум прекршочни налози за неправилно одлагање на отпадот. Од Општина Карпош додаваат дека инспекциските контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел одржување на комуналниот ред и апелираат до граѓаните совесно и соодветно да го одлагаат отпадот и да придонесат за почиста и поуредна животна средина.

Прочитај Повеќе

Средното скопско училиште „Браќа Миладиновци“ беше домаќин на проектот „Green Care кариера: Унапредување на здравјето, одржливоста и целта во земјоделството во кој учествуваат и Средното училиште „Браќа Радиќ“, Каштела Штафилиќ, Земјоделското училиште „Соња Маринковиќ“ од Пожаревац и Центарот за биотехнологија и туризам од Ново Место. Проектот „Green Care Career“ конкретно се осврнува на потребата за создавање нови, иновативни наставни програми и курсеви фокусирани на одржливо земјоделство, ментална благосостојба и општествена одговорност. Соединувајќи ученици од сите четири училишта, оваа експедиција се фокусираше на практичната примена на одржливото земјоделство, терапевтското земјоделство и производство на здрава храна, а заедно го посетија расадникот за…

Прочитај Повеќе

СДСМ ја обвини Владата дека со политичката реторика повторно создава тензии во пресрет на најавените разговори со Бугарија, оценувајќи дека изјавите од власта не придонесуваат за напредок во европскиот процес. Од опозициската партија се повикаа на ставовите на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која порача дека македонскиот идентитет и јазик се заштитени во рамки на европскиот процес. Според СДСМ, пораката од Брисел е јасна – на маса се реформите, европското обвинителство и уставните измени, но нема нова преговарачка рамка, нови услови или дополнителни гаранции. „Македонскиот идентитет е заштитен. Јазикот е заштитен. На маса се реформите, европското обвинителство…

Прочитај Повеќе