По повод одбележувањето 25 години од постоењето на СОС Детско село Македонија, градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, присуствуваше на свечениот јубилеен настан во рамки на кој ја прими и јубилејната плакета доделена на Општината како признание за успешната соработка и значајниот придонес во остварувањето на мисијата на СОС Детско село Македонија. Настанот се одржа под покровителство на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, а беше посветен на мисијата, резултатите и значењето на СОС Детско село во изминатите 25 години, претставени преку песна, игра и уметничка програма, соопшти Општина Карпош.
Автор: K.
Нова детска градинка „8 Април“ во Општина Шуто Оризари денеска е пуштена во употреба и е дел од владините планови за подобрување на условите и зголемување на капацитетите за згрижување на најмладите во општините низ земјата. На свеченоста присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски како и амбасадорите на Швајцарија и Норвешка.
Непознат сторител ги пресекол гумите на службените возила на Центарот за социјални работи Тетово откако вчера службениците добија наредба да извршат контрола на терен на корисниците на социјалните пензии во овој град. Настанот во СВР Тетово е пријавен вчера утро, а кога се вратени снимките од камерите, немало струја за да се види кој ги оштетил возилата. Вчера премиерот Христијан Мицкоски изјави дека се откриени над 4.500 „лажни корисници“ на гарантирана минимална помош и социјална сигурност меѓу кои има и починати лица, иселени граѓани и фиктривни корисници и најави дека контролите ќе продолжат.
На судењето во кумановскиот Основен суд јавниот обвинител Љубомир Лапе побара доживотен затвор за 25-годишниот Трајче Бојковски, обвинет за четири убиства и два обида за убиство. Обвинителот Лапе во завршниот збор навел дека кривичните дела биле извршени „заради задоволување на половите нагони врз мртви тела, односно некрофилија“ и дека кај него биле забележани отсуство на емпатија, вина и страв, а при извршувањето на делата бил пресметлив и се обидувал да манипулира. Од обвинителството оцениле дека кај обвинетиот не постои можност за ресоцијализација и дека постои висок степен на опасност од повторување на кривичните дела. Пресудата треба да биде изречена на…
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе постапка против виш јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Битола, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание. Обвинителството соопшти дека преку повеќе дејствија и примена на посебни истражни мерки, се обезбедени докази кои упатуваат на основано сомнение дека тој го искористил своето реално влијание и службената положба што ја извршувал за недозволено да влијае врз одлучувањето на колеги јавни обвинители и судии во најмалку 4 поединечни предмети, на подрачјето на кое ја вршел својата функција. Притоа, ургирал за пониски казни…
Општина Кисела Вода и Општинскиот совет за превенција од детско престапништво утре во 18 часот во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода организирааат трибина посветена на менталното здравје и превенцијата од меѓуврсничко насилство. На трибината под мотото „Слушни, препознај, поддржи“, Општината ги поканува сите родители, деца, наставници и стручни вработени во училиштата за заеднички да придонесат за безбедно општество и подобра иднина на децата. На трибината ќе учествуваат еминентни психотерапевти и психолози како и претставник од Одделението за превенција при СВР Скопје.
Трагедија во Италија, каде што животот го загуби 19-годишен жител на Тетово, кој таму бил ангажиран за работа. Според првичните информации, младото момче починало откако паднало од покрив од височина од околу седум метри. Од здобиените тешки повреди, лекарите не успеале да го спасат неговиот живот. Во моментов нема дополнителни детали за несреќата, ниту се познати точните околности кои довеле до падот. Последното испраќање на 19-годишниот тетовец ќе се одржи утре во Тетово, по пладневната молитва.
Докторот Дарко Василевски го прекина штрајкот со глад што го започна пред Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје, откако шест дена протестираше поради, како што наведе, неправедна постапка при изборот за вработување. Василевски информираше дека одлуката за прекин на штрајкот ја донел по разговор со деканот на Медицинскиот факултет, по шестдневното поминување пред факултетот. „Си одам со нарушено здравје, но горд на себе“, порача докторот по завршувањето на протестот.
Синоќа беше приведен обвинител од Вишото јавно обвинителство во Битола, а случајот се поврзува со постапувањето околу враќањето на пасошот на бизнисменот Борче Марковски, обвинет во предмет за јавна набавка во РЕК „Битола“ вредна околу 1,7 милиони евра. Во очекување на нови сознанија, јавноста очекува случајот да се расчисти до крај и да се утврди дали имало евентуални посредници, помагачи или други вмешани лица. Надлежните институции треба да покажат дека истрагата нема да запре само на едно име доколку доказите водат и кон други лица. Законот мора да важи еднакво за сите, па и кога за негово прекршување се осомничени…
Јапонската полиција изврши претрес во градската управа на Тојама по сомнеж дека бил фалсификуван бројот на жители на градот. Истрагата се води поради сомневање дека во официјалната статистика биле додадени речиси 3.000 жители кои реално не живееле на пријавените адреси. Со зголемувањето на бројот на жители, градот можел да добие околу 378.000 долари повеќе средства од централната влада. Според истрагата, во пописот биле внесувани жители во домаќинства кои попишувачите претходно ги означиле како празни. Полицијата сега ја проверува документацијата и начинот на кој биле менувани официјалните податоци. Случајот предизвика внимание во Јапонија бидејќи распределбата на дел од државните средства зависи…