Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Макрон по 10 години во политиката: Дадов сè од себе за Франција, но имаше и грешки
    Свет

    Макрон по 10 години во политиката: Дадов сè од себе за Франција, но имаше и грешки

    16/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека во текот на своите десет години на највисоките државни функции секогаш работел во интерес на Франција и нејзините граѓани, но призна дека неговото владеење не било без грешки.

    Макрон се огласи преку социјалната мрежа Икс, одбележувајќи една деценија од моментот кога ја објави својата кандидатура за претседател на Франција.

    „Сакам да им кажам и на оние кои не гласаа за мене дека, во секое време, дадов сè од себе за високите интереси на државата“, напиша францускиот лидер.

    Тој оцени дека периодот зад него бил исполнет со големи предизвици, но и со работа на бројни проекти во интерес на државата. Макрон призна дека биле направени и одредени пропусти, но нагласи дека секојдневно работел со луѓе кои придонесувале за развојот на Франција.

    „Понекогаш имаше грешки, но секој ден работевме напорно, заедно со многу исклучителни луѓе, во служба на Франција и францускиот народ“, порача претседателот.

    Тој им се заблагодари на сите кои му ја дале довербата и поддршката во изминатите години, вклучително и на оние кои не биле негови политички поддржувачи.

    Макрон ја презеде функцијата претседател во 2017 година, а потоа беше реизбран во 2022 година. Неговиот втор мандат истекува во мај 2027 година, по што, според францускиот Устав, нема право на трет последователен мандат.

    Претседателските избори во Франција се закажани за 18 април и 2 мај 2027 година, а Макрон во нив нема да може повторно да се кандидира.

    Поврзани вести:

    Вајц: Македонија може да биде лидер во преговорите со ЕУ ако се надминат блокадите

    Вајц: Македонија може да биде лидер во преговорите со ЕУ ако се надминат блокадите

    Минибус падна во море во Турција: Возачот почина, спасени десет патници меѓу кои и дете

    Минибус падна во море во Турција: Возачот почина, спасени десет патници меѓу кои и дете

    Уапсен 19-годишен Македонец во Србија, осомничен за обид за убиство на „Алибег“

    Уапсен 19-годишен Македонец во Србија, осомничен за обид за убиство на „Алибег“

    Најмасовен напад од почетокот на војната: Украина испрати над илјада дронови кон Русија

    Најмасовен напад од почетокот на војната: Украина испрати над илјада дронови кон Русија

    Поранешна амбасадорка во Белград: Вучиќ под притисок на ЕУ ги повлекол војската и полицијата

    Поранешна амбасадорка во Белград: Вучиќ под притисок на ЕУ ги повлекол војската и полицијата

    Историска средба на Трамп, Путин и Си Џинпинг во Кина – тројцата лидери во четврток на иста маса

    Историска средба на Трамп, Путин и Си Џинпинг во Кина – тројцата лидери во четврток на иста маса

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Вајц: Македонија може да биде лидер во преговорите со ЕУ ако се надминат блокадите

    16/11/2026

    Минибус падна во море во Турција: Возачот почина, спасени десет патници меѓу кои и дете

    16/11/2026

    Уапсен 19-годишен Македонец во Србија, осомничен за обид за убиство на „Алибег“

    16/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.