ОВР Кочани поднесе кривична пријава против 43-годишен жител на Кочани поради сомнение дека сторил кривично дело „тешка телесна повреда“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 5 септември 2026 година, во семејниот дом во Кочани, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга.
Од нападот жената се здобила со тешки телесни повреди, по што случајот бил пријавен во полиција и започнала постапка за целосно расчистување на настанот.
Од ОВР Кочани информираат дека по документирање на случајот е поднесена соодветна кривична пријава против Б.О. (43).
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
