Автор: K.

„Оваа година за првпат истовремено се променети сите три вирусни соеви во составот на вакцината – два за грип А и еден за грип Б. Светската здравствена организација и американската агенција ФДА ги ажурираа трите соеви заедно, што доведе до одложување на производството кај производителите ширум светот“, информираат од Министерството за здравство. Од институцијата додаваат дека се во постојана комуникација со земји од регионот и пошироко и очекуваат вакцините да бидат обезбедени во текот на овој месец преку меѓународни канали. Министерството потсетува дека вакцинацијата останува најсигурната заштита од тешки форми на грип и можни компликации, особено кај хронично болните, постарите…

Прочитај Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со претставнички на здружението за хумана репродукција и биопотпомогнато оплодување „До бебе по патот на ин-витро“, на која се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат лицата кои минуваат низ процесот на асистирана репродукција. На средбата присуствуваа претседателката на здружението Деспина Петровска, како и членовите Наташа Ѓорѓиева Божинов и Марија Михајлоска Јанкуловска. Сиљановска-Давкова им ја изрази својата поддршка на сите жени и мажи кои се одлучуваат да станат родители преку ин-витро постапка, нагласувајќи дека станува збор за луѓе кои покажуваат голема сила и истрајност. Таа го поздрави ангажманот на здружението, кое се залага за…

Прочитај Повеќе

Денеска нè очекува сончево и релативно топло време, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот ќе преовладува сончево време со слаб ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се движат од -3 до 6 степени Целзиусови, додека максималната дневна температура ќе достигне од 22 до 29 степени. Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло, со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе изнесува околу 3 степени, а максималната дневна ќе достигне до 26 степени. Според најавите на УХМР, стабилното време ќе се задржи до четврток, со сончеви периоди и променлива облачност…

Прочитај Повеќе

Во периодот од 5 до 6 октомври до 7:30 часот, на територијата на Македонија се регистрирани вкупно 46 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи. Од нив, седум пожари сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а 38 се целосно изгаснати. Активни пожари има во седум општини. Во Дебар пожарот е активен на локалитетот „Над Боровите“, на правците кон селата Татар Елевци и Кораб, како и кон Бањиште. Зафатена е ниска вегетација, смрека, папрат и трнливи грмушки. Пожар има и во селото Јаболчиште, на местото „Биков Гроб“ во општина Чашка, каде што гори шума и…

Прочитај Повеќе

Жителите на дел од скопската општина Карпош денеска ќе останат без водоснабдување поради интервенција на водоводната мрежа. Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека прекинот е поради промена на затворач со профил ф-100 милиметри на улицата „Миладин Поповиќ“ бр. 15. Без вода ќе бидат корисниците од улицата „Миладин Поповиќ“, како и дел од жителите на улиците „Орце Николов“, булевар „Илинден“, „Никола Тесла“ и „Мирка Гинова“ во населбата Карпош 1. Прекинот започнува од 10:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности, информираат од претпријатието.

Прочитај Повеќе

Протестот пред Собранието на Косово во Приштина вчера ескалираше во судири меѓу демонстрантите и полицијата, откако дел од учесниците се обидоа да го блокираат објектот и да спречат пратениците да го напуштат парламентот. Демонстрантите бараа усвојување на измените на законот за Специјалниот суд во Хаг. Во еден момент, според регионалните медиуми, кон зградата на парламентот биле фрлани пиротехнички средства, а биле запалени и контејнери. Полицијата одговорила со солзавец и интервенција за растерување на толпата. Претходно, измените на законот беа усвоени во прво читање, но нивното конечно изгласување останува неизвесно. Средбата меѓу косовскиот премиер Албин Курти и лидерот на Демократската партија…

Прочитај Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка насловен „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“. Документот се фокусира на економските предизвици со кои се соочува земјата, но и на можностите за забрзување на растот преку спроведување реформи и подобрување на клучни области од економијата. Во извештајот посебен акцент е ставен на унапредување на институционалното управување, зголемување на конкурентноста, привлекување инвестиции, развој на технологијата и иновациите, како и подобро искористување на човечкиот потенцијал и работната сила. Извештајот на Светска банка вчера беше презентиран и пред пратениците во Собранието, каде што…

Прочитај Повеќе

Москва соопшти дека во текот на ноќта била цел на масовен напад со беспилотни летала, при што, според руските власти, кон московската област биле насочени околу 650 дронови. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека противвоздушната одбрана уништила голем број летала, од кои 105 биле соборени на приодите кон руската престолнина. „Во периодот од 20:30 часот на 5 октомври до 5 часот изутринава на 6 октомври, кон московската област летале 650 дронови. Голем дел од нив биле уништени од силите на противвоздушната одбрана на оддалечените одбранбени линии. На приодите кон Москва биле уништени 105 дронови“, наведе Собјанин во објава на…

Прочитај Повеќе

Дел од жителите на скопската општина Карпош денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани активности на електродистрибутивната мрежа. Од ЕВН Македонија информираат дека прекинот ќе трае во периодот од 08:40 до 13:00 часот. Без напојување ќе бидат корисниците од улиците „Миладин Поповиќ“, „Драган Ѓаконовски – Шпато“ и „Беджих Сметана“. Од компанијата апелираат граѓаните да ги имаат предвид временските рамки за прекинот и да ги преземат потребните мерки додека трае интервенцијата.

Прочитај Повеќе

Џеф Безос повторно се искачи на второто место на листата на најбогатите луѓе во светот, покажува најновото рангирање на „Форбс“, кое донесе промени кај седум од десетте милијардери во светскиот врв. Основачот на „Амазон“ во изминатиот месец го зголемил своето богатство за околу 102 милијарди долари, достигнувајќи проценети 370 милијарди долари. Најголем придонес за растот имаат новите проценки на вредноста на неговата вселенска компанија „Blue Origin“ и стартапот за индустриска вештачка интелигенција „Prometheus“. Со тоа, Безос за првпат од мај 2025 година повторно е втор најбогат човек во светот, пред Лери Пејџ, чие богатство е проценето на околу 286 милијарди…

Прочитај Повеќе