Автор: K.

Хутите извршија напади врз два аеродрома на југот на Саудиска Арабија, при што се повредени три лица. Погодени се аеродромите во Џазан и Наџран, а нападите предизвикале и материјална штета. Хутите ја презедоа одговорноста и соопштија дека операциите против цели во Саудиска Арабија ќе продолжат. Групата истовремено ги предупреди меѓународните авиокомпании да го прекинат користењето на саудискиот воздушен простор. Од предупредувањето се изземени летовите над Мека и Медина. Новите напади доаѓаат во период на зголемени тензии и засилени воени активности на Хутите против Саудиска Арабија. Ријад во изминатиот период ги засили мерките за заштита на критичната инфраструктура и воздушниот простор.

Прочитај Повеќе

Косово доби нова претседателка – Јустина Широка-Пула, економистка, професорка и академик, која во Собранието беше избрана со 81 глас. Нејзиниот политички пат носи интересна симболика. Широка-Пула некогаш беше министерка во владата на Хашим Тачи и пратеничка од редовите на Демократската партија на Косово (ПДК), а сега за шеф на државата беше предложена од партијата Самоопределување на Албин Курти. Широка-Пула е родена во 1953 година во Приштина. Дипломирала на Економскиот факултет во Приштина во 1976 година, а постдипломските студии по теорија и политика на економскиот развој ги завршила во Загреб. По краткиот ангажман во Народната банка на Косово, во 1978 година…

Прочитај Повеќе

Најмалку 488 лица се уапсени, а 48 припадници на безбедносните сили се повредени за време на масовните протести што вчера се одржаа низ Франција, соопшти Министерството за внатрешни работи. Демонстрациите започнаа како протест поради проблемите во образованието – недостиг на наставници, лоши услови во училиштата и недоволни инвестиции – но во повеќе градови прераснаа во судири меѓу дел од демонстрантите и полицијата. Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез оцени дека полициската реакција била пропорционална „во речиси сите случаи“. Тој претходно предупреди дека дел од протестното движење било преземено од групи кои, според властите, поттикнувале насилство. Од друга страна, демонстрантите…

Прочитај Повеќе

Иселувањето на 87-годишната Марија дел Кармен Абаскал од нејзиниот стан во Мадрид предизвика масовни протести низ Шпанија и нов политички притисок врз владата на премиерот Педро Санчез, која граѓаните ја обвинуваат дека не успева да ја реши сè подлабоката криза со домувањето. Демонстрантите побараа оставка од владата, додека Санчез одговори со најавување на пакет од 21 итна мерка за подобрување на достапноста на становите и заштита на станарите. Одлуката на владата следува по протестите во повеќе градови, вклучително и во Барселона, каде што демонстрациите прераснаа во судири меѓу дел од учесниците и полицијата. Незадоволството се зголеми откако парламентот претходно ги…

Прочитај Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека наскоро ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за случајот со можна појава на чума во истражувачки институт во Сибир, откако вработена во установата починала од пневмонија со непозната причина. Трамп пред новинарите во Белата куќа изјавил дека за случајот ќе разговара со Путин „многу наскоро“, додавајќи дека американските разузнавачки служби водат „многу сериозни дискусии“ за ситуацијата. Станува збор за смрт на лабораториска работничка во Институтот за истражување на чума во Иркутск, Сибир. Руските власти соопштија дека причината за смртта е пневмонија од непознато потекло, а засега нема потврда дека станува збор за зараза…

Прочитај Повеќе

Европската Унија подготвува голема промена во правилата за воздушниот сообраќај, со која значително ќе се прошират правата на патниците при доцнење, откажување летови и други проблеми за време на патувањето. Новата регулатива (ЕУ) 2026/2202 носи низа обврски за авиокомпаниите – од исплата на надомест до 600 евра и враќање на средствата во кратки рокови, до обезбедување сместување, храна, помош при пропуштени врски и поголема заштита на патниците со посебни потреби. Правилата ќе започнат да се применуваат од 23 октомври 2027 година и ќе важат низ Европската Унија. Меѓу најзначајните промени е правото на финансиски надомест доколку патникот пристигне на крајната…

Прочитај Повеќе

Денеска не очекува сончево и релативно топло време, иако утрото ќе биде ведро и студено. Во текот на денот ќе има мала до умерена локална облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се движат од -3 до 8 степени, додека дневните ќе достигнат од 22 до 28 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и релативно топло, со мала облачност и слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до 2 степени, а максималната дневна ќе достигне 26 степени. Според прогнозата на метеоролозите, во четврток повторно ќе преовладува сончево време, но…

Прочитај Повеќе

Најмалку две лица загинаа во руски воздушен напад врз Киев што се случи рано утрово, соопштија украинските власти. Жртвите биле пронајдени по пожар што избувнал во комплекс со гаражи, информира градоначалникот на украинската престолнина, Виталиј Кличко. Во нападот биле оштетени повеќе објекти и магацини во градот, додека, според очевидци на Ројтерс, во текот на ноќта се слушнале повеќе силни експлозии. Освен Киев, напади биле регистрирани и во други делови на Украина. Регионалните власти соопштија дека во Днипро бил погоден индустриски објект, во Запорожје била оштетена транспортна инфраструктура, а во Кременчук биле погодени станбени згради. Новите воздушни напади се случуваат во…

Прочитај Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека, според него, во моментов не е јасно кој ја води иранската држава, оценувајќи дека врвот на власта е сериозно нарушен по осум месеци војна меѓу САД, Израел и Иран. „Нивните лидери ги нема, ја нема ни втората линија на раководство, а најголемиот проблем е што никој не знае кој, по ѓаволите, управува со земјата“, изјави Трамп. Од Техеран веднаш реагираа на ваквите тврдења. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи порача дека САД добро знаат како функционира политичкиот систем во Иран и кој ги носи одлуките. Според него, вистинскиот проблем не е во Иран,…

Прочитај Повеќе

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 24. седница на која ќе разгледува осум иницијативи за оценување на уставноста и законитоста на повеќе законски одредби и подзаконски акти, а ќе одлучува и по нацрт-одлука за предмет од областа на социјалната заштита. Меѓу предметите што ќе се најдат пред уставните судии е иницијативата со која се оспорува член 461 од Законот за парничната постапка. Подносителот, адвокатот Горан Николовски, смета дека задолжителната медијација како услов за поведување судска постапка во спорови меѓу правни лица до еден милион денари претставува неоправдано ограничување на пристапот до суд и создава дополнителна пречка за остварување на судска…

Прочитај Повеќе