Автор: K.

Челзи стави крај на серијата од три натпревари без победа откако на домашен терен го декласира Борнмут со убедливи 5-1. „Сините“ уште од самиот почеток покажаа дека се решени да стигнат до триумф, а главна фигура на натпреварот беше Џордан Хендерсон. Искусниот фудбалер го отвори резултатот уште во втората минута, а само 60 секунди подоцна се претвори во асистент, откако му овозможи на Морган Роџерс да зголеми на 2-0. Во продолжението Челзи продолжи со доминацијата, а Жоао Педро во второто полувреме постигна гол за 3-0. Борнмут успеа кратко да се врати во мечот преку Еванилсон, кој намали на 3-1, но…

Прочитај Повеќе

Најмалку 12 лица, меѓу кои и три деца, загинаа во руски напад со наведувани бомби врз украинскиот град Запорожје, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во нападот се повредени уште 14 лица, а двајца од нив се во критична состојба. Според Зеленски, руските сили во раните утрински часови фрлиле пет планирачки бомби врз станбени згради, предизвикувајќи големи разурнувања и човечки жртви. „Засега, за жал, се знае за 12 загинати, меѓу кои три деца. Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и најблиските на жртвите“, напиша Зеленски на Фејсбук. Тој информира дека спасувачките екипи сè уште трагаат по луѓе под урнатините, а се проверуваат…

Прочитај Повеќе

Царински службеници на граничниот премин Богородица, во соработка со полициски службеници, спречија обид за нелегален внес на повеќе егзотични влекачи во државата. При контрола на возило управувано од косовски државјанин биле пронајдени седум змии и еден гуштер, кои биле скриени под седиштето, спакувани во кутии и завиткани во марами. Според Царинската управа, најголем дел од запленетите животни припаѓаат на заштитени видови. Меѓу нив има два питони од видот „Carpet Spilota“, по еден питон од видовите „Short Tailed“ и „Brandy Carpet“, како и змии од видовите „Chinese Ring Rat“, „Reticulated Super Dwarf“ и отровната „Baron Snake“. Запленетите влекачи ќе бидат предадени…

Прочитај Повеќе

По повод Европскиот ден на донирањето органи, ткива и клетки 2026, вечерва, како и претходната вечер, повеќе јавни објекти и институции низ Македонија ќе бидат осветлени во зелена боја, испраќајќи порака за надеж, солидарност и спасување животи преку органодарителството. Во иницијативата се вклучија голем број општини и институции од различни градови во државата, кои со симболичното осветлување даваат поддршка на донирањето органи и развојот на трансплантацијата. Од Министерството за здравство упатија благодарност до сите што се приклучија на акцијата, истакнувајќи дека зелената светлина претставува симбол на хуманоста и можноста да се подари нова шанса за живот. „Секој донор е надеж.…

Прочитај Повеќе

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека антифашистичките вредности се основата врз која е изградена македонската државност и дека денешните генерации имаат обврска да ја продолжат борбата за праведна, демократска и европска Македонија. На маршот во Прилеп, организиран по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, под мотото „Непокор. Борба. Иднина – 85 години антифашизам“, Филипче истакна дека СДСМ ги продолжува државотворните и антифашистичките традиции на борците од Народноослободителната борба. Според него, современата борба не се води со оружје, туку со демократски средства, против криминалот, корупцијата и неправдата. „Имаме историска обврска повторно да се избориме за слобода, правда и…

Прочитај Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека единствениот начин за надминување на блокадата во евроинтегративниот процес е продолжување на дијалогот со Бугарија, и покрај тоа што последната средба меѓу министрите за надворешни работи на двете земји не донесе конкретен напредок. Тој изрази очекување дека со текот на времето ќе се создадат услови за приближување на ставовите и изнаоѓање прифатливо решение. „Се радувам што дијалогот започна и што за него се информирани нашите меѓународни партнери. Во демократијата е важно да се разговара и кога постојат различни ставови, а вистинската умешност е тие ставови да се доближат и да се постигне компромис. Очекувам разговорите…

Прочитај Повеќе

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини опозицијата дека со своите ставови за евроинтеграциите ги повторува бугарските позиции и директно ги загрозува државните интереси. Од владејачката партија тврдат дека инсистирањето на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека не постои можност за подобра преговарачка рамка со Европската Унија е една од главните причини поради кои, според нив, Македонија останува блокирана на патот кон членство. „Филипче постојано повторува дека подобра преговарачка рамка немало. Но токму таа преговарачка рамка е она што ја држи државата заглавена пред вратата на Европската Унија. Тој ги повторува тезите дека бугарските барања се европска позиција, а не билатерален спор“, наведуваат од…

Прочитај Повеќе

СДСМ реагираше на најавениот нов ребаланс на буџетот, обвинувајќи ја власта дека со измените во државната каса води неодговорна финансиска политика на штета на граѓаните. Од опозициската партија посочуваат дека со ребалансот приходите и расходите се намалуваат за околу 86 милиони евра, додека капиталните инвестиции се скратуваат за 93 милиони евра. Според нив, тоа е доказ за доцнење на клучните проекти и за слабата реализација на владините планови. СДСМ нагласува дека ова е втор ребаланс за само четири месеци, при што дефицитот останува на ниво од 4,1 отсто од БДП. Од партијата оценуваат дека најавеното ново задолжување на домашниот и…

Прочитај Повеќе

Панама се соочува со сериозни последици по силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени, кој предизвика оштетувања на објекти и патната инфраструктура во јужниот дел на земјата. Претседателот на Панама, Хозе Раул Мулино, изјави дека состојбата во најпогодените подрачја е тешка, посочувајќи дека дел од патиштата се целосно уништени. Засега нема официјални информации за бројот на евентуални жртви. Мулино претходно ги повика граѓаните да останат смирени и предупреди дека последиците од земјотресот не треба да се користат за ширење паника или предизвикување немири. Земјотресот оштети повеќе објекти, меѓу кои и катедралата „Свети Јован Крстител“ во Пенономе. Панамскиот институт за геонауки…

Прочитај Повеќе

Во ЈП „Национални шуми“ продолжуваат акциите за откривање и санкционирање на злоупотреби, откако во изминатите денови беа приведени директорот на подружницата „Бор“ во Прилеп и вработена во подружницата „Бабуна“ во Велес. Информацијата ја соопшти заменик-директорот на претпријатието, Кире Михаилов, кој посочи дека, според податоците од Министерството за внатрешни работи, постојат сериозни сомнежи и докази дека двајцата се огрешиле пред законот. Михаилов откри дека неодамна е поднесена и кривична пријава против вработен во подружницата во Свети Николе, кој претходно ја извршувал функцијата директор, како и против правно лице од Бузалково. Според него, со случајот е предизвикана штета проценета на повеќе од…

Прочитај Повеќе