Автор: K.

Сите реализирани активности од програмата за одбележување на 35 години независност на Македонија имаат вкупна вредност од 340 509 749 денари, соопшти портпаролката на Владата Марија Митева. Според извештајот за потрошените пари од сметката на „Државна Лотарија“ за 2024, артистите меѓу кои и Дејвид Гета, Хозе Карерас и другите изведувачи поделиле 129,3 милиони денари, а продукциски трошоци чинеле 96.2 милиони денари. На логистички трошоци се потрошени 58,5 милони денари, за маркетинг – 2,8 милиони денари и 53,5 милиони денари за хонорари за соработници.

Прочитај Повеќе

Претседател на Комисијата за образование и наука на СДСМ Јованче Манасков обвини дека за време на ученичка екскурзија во Монте Карло, директорката на Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ѓорѓи Наумов“ од Битола, Жанета Сервини, и помошник-директорот Љупчо Здравковски наводно се коцкале во казино, додека учениците ги чекале во холот. Партијата објави снимки со заматени ликови од малолетните ученици на која, како што тврди СДСМ, директорката и нејзиниот помошник играле на слот-машини во казино наместо да се грижат за безбедноста на учениците за време на екскурзијата. Манасков ја повика министерката за образование и наука, Весна Јаневска, итно да спроведе…

Прочитај Повеќе

Денес пристигна првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери, најголемата набавка на контејнери во историјата на Скопје и нивното распоредување низ градот започнува уште денес, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Тој додаде дека се заменуваат скршените и дотраени контејнери, се зголемува нивниот број и се обезбедуваат повеќе места за правилно одлагање на отпадот. Набавката е по двојно пониска цена од претходните, а дополнително се обезбедни и 60 контејнери за селекција на стакло, објави Ѓорѓиевси и нагласи дека заедно со новите камиони се создаваат услови за побрзо и поефикасно собирање на сметот и почисти населби низ цело Скопје.

Прочитај Повеќе

Во просториите на Општина Аеродром денеска се спроведе крводарителска акција во соработка со ЈЗУ ГОБ „8 Септември“, со цел да се обезбедат драгоцени единици крв за оние на кои им се најпотребни, соопштија од Општината Крв даруваше градоначалникот Дејан Митески заедно со голем број вработени во општинската администрација, како и хумани граѓани кои ја потврдуваат важноста на солидарноста и грижата за другите.

Прочитај Повеќе

Министерството за внатрешни работи започна внатрешна постапка по објавите во дел од медиумите дека две лица биле физички нападнати од полициски службеници при интервенција на подрачјето на Скопје, при што, според наводите, бил оштетен и нивниот автомобил. По налог на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, случајот го испитува Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. Од МВР соопштија дека се преземаат сите потребни активности за целосно утврдување на фактите и околностите поврзани со настанот, како и за проверка дали постои евентуална одговорност кај полициските службеници кои учествувале во интервенцијата. По завршувањето на постапката, институцијата најавува дека ќе…

Прочитај Повеќе

Општина Карпош продолжува со редовната акција за подигнување и отстранување на отпадни и хаварисани возила од јавните површини на територијата на општината. Акцијата, која ја спроведува Секторот Инспекторат, во соработка со колективниот постапувач „ГРЕЕН РОАД“ ДООЕЛ – Скопје, започна во реонот на Карпош 3 и со неа се ослободуваат јавни површини и паркинг-простори. Во рамки на акцијата беа подигнати стари отпадни возила со регистарски таблички, за кои претходно биле спроведени соодветни инспекциски постапки.

Прочитај Повеќе

На мостот „Близнак“ во Скопје во недела на 11 октомври ќе се изведуваат работи за санација на оштетената заштитна пешачка ограда, поради што привремено ќе биде затворена затворена крајната лева сообраќајна лента. Екипа на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје ќе работи на булеварот „Киро Глигоров“, на потегот од крстосницата со улицата „Индустриска“ до крстосницата со булеварот „АСНОМ“, во насока кон населбата Аеродром, од 6 до 8 часот наутро, а ќе опфатат замена и монтажа на оштетените делови од оградата.

Прочитај Повеќе

Во пресрет на Светскиот ден на бездомништвото, вработените на ТАВ Македонија и ТАВ Аеродроми реализираа хуманитарна иницијатива со која обезбедија поддршка за лицата кои се соочуваат со тешки животни услови. Преку акцијата „ТАВ Готви“, како дел од корпоративната волонтерска програма на ТАВ Аеродроми „Hope On Board“, волонтерите подготвија 170 пакети со храна наменети за корисниците на Пунктот за бездомници „Момин Поток“, кој функционира под управување на Црвениот крст на Република Северна Македонија – Црвен крст на Град Скопје. Иницијативата ги обедини вработените околу заедничката цел – да обезбедат конкретна помош и да покажат солидарност кон најранливите категории граѓани. Освен подготовката…

Прочитај Повеќе

Еден од компјутерските томографи на Универзитетскиот институт за радиологија во Скопје од денеска повторно е ставен во функција и пациентите повторно можат да ги реализираат дијагностичките прегледи, информира Министерството за здравство. Од Институтот веќе започнале со контактирање на пациентите чии термини беа привремено одложени поради техничкиот проблем, при што им се определуваат нови датуми за преглед. Со цел побрзо да се надополни заостанатиот број на пациенти, организирана е работа во две смени, а дополнителни прегледи ќе се вршат и во текот на претстојниот викенд. Од Министерството посочуваат дека динамиката на прегледите ќе зависи од расположливите капацитети и медицинските приоритети утврдени…

Прочитај Повеќе

Во Загреб денеска започнуваат разговорите меѓу мешовитите комисии на Црна Гора и Хрватска, со што официјално се отвора процесот за решавање на повеќе нерешени прашања меѓу двете земји. Главна тема на првиот состанок ќе бидат статусот на школскиот брод „Јадран“, како и прашањата поврзани со сукцесијата на воениот имот од поранешната државна заедница. Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман изјави дека Загреб, покрај бродот „Јадран“, бара и друг воен имот, чија вредност, според неговите тврдења, надминува 2,7 милијарди долари. Тој ги отфрли оценките дека овие прашања се користат како средство за притисок врз Црна Гора на нејзиниот европски…

Прочитај Повеќе