Автор: K.

Денеска, сабота (10 октомври), времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а во попладневните часови на повеќе места се очекува нестабилно време проследено со пороен и пообилен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринските температури ќе се движат од 6 до 14 степени, додека дневните ќе достигнат од 19 до 27 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време, а попладне се очекуваат локални врнежи од дожд. Во делови од котлината можна е појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од УХМР препорачуваат граѓаните кои…

Прочитај Повеќе

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати остри критики за состојбата во Појасот Газа, оценувајќи дека палестинската енклава е претворена во „најголемиот концентрационен логор во светот“. Говорејќи на Меѓународниот самит за правда во Истанбул, Ердоган изјави дека жителите на Газа веќе три години се изложени на, како што рече, постојани напади пред очите на светската јавност. „Најважно од сѐ е што веќе три години, пред очите на целиот свет, луѓето во Газа се подложени на варварски убиства. Повеќе од 74.000 жители на Газа, од кои повеќето се жени и деца, се убиени“, изјави Ердоган. Тој посочи дека во нападите биле уништени…

Прочитај Повеќе

Младиот македонски фудбалер Матеј Гаштаров продолжува да привлекува внимание со одличните настапи, но неговиот тренер во Црвена Звезда, Алберт Риера, предупреди дека преголемиот број натпревари за краток период може сериозно да влијае врз неговото здравје. Гаштаров во изминатите два месеци се избори за место во првиот тим на српскиот шампион, а неодамна го запиша и своето деби за сениорската репрезентација на Македонија. Иако добива пофалби за формата и талентот, Риера смета дека динамиката со која настапува е преголем ризик. „Погледнете го примерот со Гаштаров. Тоа не е нормално. Зборуваме за момче кое до пред два месеца воопшто немаше сениорски натпревари,…

Прочитај Повеќе

Холандски работник добил отказ откако учествувал на маратон во Ротердам додека бил на боледување поради проблеми со колкот. Работодавачот оценил дека со тоа ја злоупотребил довербата на компанијата и ги избегнувал своите работни обврски. По отказот, вработениот ја оспорил одлуката пред суд, тврдејќи дека учеството на маратонот не било спротивно на неговото лекување. Во постапката бил приложен медицински извештај во кој докторот навел дека физичката активност може да придонесе за побрзо закрепнување. „Физичката активност може побрзо да му помогне во заздравувањето и затоа му одобрив постепено зголемување на физичкиот напор“, стои во лекарскиот извештај. По разгледувањето на сите докази, судот…

Прочитај Повеќе

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија остро ги осуди ракетните напади на Хутите врз меѓународниот аеродром „Крал Калид“ во Ријад и аеродромот во Абха во Саудиска Арабија, оценувајќи дека нападите претставуваат сериозно кршење на меѓународното право. Во објава на социјалната мрежа Икс, Министерството соопшти дека во нападите имало цивилни жртви, а дополнителна загриженост предизвикала штетата што остатоците од ракетите ја предизвикале врз градинка и медицински комплекс. „Нападите врз цивили и цивилна инфраструктура претставуваат сериозно кршење на меѓународните норми и меѓународното хуманитарно право“, се наведува во реакцијата. Од Министерството изразија целосна солидарност со Саудиска Арабија и нејзиниот народ, упатувајќи сочувство…

Прочитај Повеќе

Санацијата на мостот над реката Брегалница на регионалниот пат Р1204 во Штип влегува во завршна фаза, а доколку успешно завршат сите проверки, тој веќе утре повторно ќе биде пуштен во употреба. Од Јавното претпријатие за државни патишта информираат дека реконструкцијата е реализирана по стручни инспекции, при кои биле утврдени оштетувања на конструктивните и функционалните елементи на мостот. Со проектот биле преземени активности за подобрување на безбедноста, функционалноста и продолжување на неговиот работен век. Реконструкцијата опфати целосна санација на мостот, кој е долг 98,5 метри и широк околу 10 метри со тротоарите. Во моментов се изведуваат завршните асфалтерски работи, по што…

Прочитај Повеќе

Американската војска разработува нови сценарија за можно обновување на големите борбени операции против Иран, иако американскиот претседател Доналд Трамп засега не покажува подготвеност за поширока воена ескалација. Во меѓувреме, Соединетите Американски Држави го засилуваат военото присуство на Блискиот Исток. Според „Њујорк тајмс“, наскоро во регионот ќе бидат распоредени три американски носачи на авиони, што би било првпат од 2003 година толкава поморска сила истовремено да биде стационирана во овој дел од светот. И покрај ваквите подготовки, Трамп во последните месеци повеќепати ги отфрлаше предлозите за пошироки напади врз Иран и врз јеменските Хути. Во четвртокот тој изјави дека САД нема…

Прочитај Повеќе

Хрватската и регионалната рок-сцена останаа без еден од своите најавтентични и највлијателни музичари. На 62-годишна возраст почина Горан Баре, фронтменот и препознатливиот глас на култната рок-група „Мајке“. Веста за неговата смрт ја потврдија членовите на бендот Марио Рашиќ и Ален Тибљаш. Според нивните изјави за „Вечерњи лист“, Баре бил пронајден мртов денеска околу 13 часот во својот стан. Неговите колеги открија дека во последните години се обидувале да го убедат да побара стручна помош поради здравствените проблеми со кои се соочувал, но дека тие обиди не вродиле со резултат. Горан Баре остави силен печат во музиката на овие простори. Како…

Прочитај Повеќе

Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати контроли насочени кон возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мотоцикли, трицикли, четирицикли и лесни електрични возила. Контролите биле реализирани на 8 октомври 2026 година, во периодот од 11:00 до 17:00 часот, на територијата на целата држава. При акцијата биле констатирани вкупно 161 прекршок, за кои полицијата презела соодветни мерки согласно законските прописи. Најмногу прекршоци биле евидентирани на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Битола, каде биле утврдени 44 случаи. Следуваат Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата со 28 прекршоци, како и секторите за внатрешни работи Велес…

Прочитај Повеќе

Владата продолжува со примената на мерката за намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за дизел горивото, со што даночната стапка останува намалена од 18 на 10 проценти до 20 октомври 2026 година. Одлуката, според Министерството за финансии, има цел да помогне во ублажување на ценовните притисоци и да придонесе за заштита на животниот стандард на граѓаните и стабилноста на економијата. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска информираше дека со продолжувањето на мерката се очекува влијание врз малопродажните цени на горивата, со што би се намалил финансискиот товар за домаќинствата и компаниите. „Продолжуваме со мерките за заштита на стандардот на граѓаните…

Прочитај Повеќе