Денеска во Македонија ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а поради продор на постудена воздушна маса, на повисоките места дождот повремено ќе преминува во снег. На планините се очекуваат врнежи од снег и формирање снежна покривка.
Ќе дува засилен ветер, кој во текот на ноќта на моменти ќе биде и силен, со брзина поголема од 70 километри на час. Претпладне ветерот ќе биде од западен, а попладне ќе го смени правецот и ќе дува од север.
Утринските температури ќе се движат од 2 до 9 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 11 и 19 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе изнесува околу 4 степени, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, од четврток повторно ќе следува период на врнежи под влијание на нова циклонска активност. Воедно, се очекува и постепено опаѓање на температурите, што ќе донесе посвежо време низ целата земја, а на планините и на повисоките места услови за почести врнежи од снег.
