Реал Мадрид ја продолжи победничката серија со минимален триумф од 1:0 против Виљареал, но натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ остана одбележан и со исклучувањето на Винисиус Жуниор. Бразилскиот фудбалер доби директен црвен картон во 72. минута, откако судијата по прегледување на ВАР снимката процени дека направил прекршок во дуелот со дефанзивецот на Виљареал, Салиба, при што го повлекол за коса. Винисиус, кој во игра влезе во второто полувреме, претходно постигна гол кој беше поништен поради прекршок во акцијата. Одлуката на судијата предизвика големо незадоволство кај напаѓачот, кој реагираше бурно и со протести го напушти теренот. Поради исклучувањето, „кралевите“ мораа последните минути…
Автор: K.
Од утре, 12 октомври, системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ ќе започне со работа и на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Охрид, односно во градовите Охрид, Струга, Кичево и Дебар. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по завршените технички проверки и финалните тестирања, камерите од системот ќе бидат активирани на сообраќајниците во овие општини. Со пуштањето во функција на системот се очекува поголем надзор врз сообраќајот, побрзо откривање на прекршоците, подобрување на сообраќајната дисциплина и зголемување на безбедноста на патиштата. „По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на…
Денеска низ Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повеќе места се очекува нестабилно време со поројни врнежи, грмежи и засилен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринските температури ќе се движат од 9 до 15 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 17 до 21 степен. Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Во одделни делови од котлината се очекува нестабилност со поројни врнежи, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе изнесува околу 15 степени, а максималната ќе достигне до 19 степени. Според прогнозата на УХМР, под влијание на…
Ново истражување предупредува дека Хималаите се приближуваат до критична точка поради забрзаното топење на ледниците, сè понестабилните леднички езера и недоволниот систем за следење на состојбата во регионот. Предупредувањето доаѓа по катастрофалното уривање на ледник на границата меѓу Непал и Тибет кон крајот на август, кое предизвика одрони и разорни поплави. Според официјалните информации, најмалку 1.300 лица загинаа, а повеќе од 5.300 сè уште се водат како исчезнати. Експертите посочуваат дека со повлекувањето на ледниците се формираат нестабилни леднички езера, задржани со наслаги од карпи и мраз, кои претставуваат сериозна закана за милионите жители што живеат во долините под нив.…
Односите меѓу Вашингтон и Киев дополнително се заострија откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „е време Украина да добие нов претседател“, во екот на несогласувањата со украинскиот лидер Володимир Зеленски околу американската одлука поврзана со снабдувањето со руски дизел. Според извештајот на „Ројтерс“, Трамп ги критикувал украинските напади врз руските рафинерии, оценувајќи дека тие придонесуваат за намалување на понудата на гориво на пазарот. Од друга страна, Зеленски смета дека олеснувањето на санкциите за рускиот дизел претставува потег што ја охрабрува Москва. Украинскиот претседател ја изнесе својата реакција по рускиот напад врз Запорожје, во кој, според информациите, загинале 20 лица,…
На денешен ден, 11 Октомври, се одбележуваат 85 години од почетокот на Народното востание на македонскиот народ – историски настан што го означи почетокот на Народноослободителната антифашистичка војна во Вардарска Македонија во 1941 година. Овој датум претставува еден од најзначајните моменти во македонската историја и симбол на борбата за слобода, државност и национална самобитност. Востанието ги продолжи слободарските традиции на македонскиот народ, втемелени во Карпошовото, Разловечкото, Кресненското и Илинденското востание, како и во стремежот за национално и социјално ослободување. На 11 октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред извршија акции врз бугарската полициска станица, затворот и телекомуникациската инфраструктура…
Сметот од Куманово од синоќа привремено почна да се транспортира и депонира на депонијата „Дрисла“ во Скопје, како привремено решение за надминување на проблемите со депонирањето на отпадот, информираа од ЈП „Чистота и зеленило“ и градоначалникот Максим Димитриевски. Димитриевски упати благодарност до премиерот Христијан Мицкоски, градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски и раководството на „Дрисла“ за поддршката и помошта во решавањето на состојбата. Тој посочи дека паралелно продолжуваат активностите за санација на депонијата „Краста“, со цел што поскоро да се нормализира состојбата. „Продолжуваме интензивно со санацијата на депонијата „Краста“ и со надминување на проблемот. Во мое лично име и во име…
Ракометарите на Охрид приредија големо изненадување во 6. коло од машката Супер лига, откако пред својата публика го совладаа Алкалоид со 26-24 и стигнаа до четвртата победа сезонава. Во салата „Билјанини извори“ домашниот тим подобро го отвори натпреварот и поведе со 2-0, но Алкалоид брзо возврати и во 15. минута имаше предност од 7-4. Сепак, охриѓани до крајот на првото полувреме одиграа одлично во одбраната, направија пресврт и на паузата заминаа со убедливо водство од 15-11. Во второто полувреме избраниците на Роевиќ целосно ја контролираа играта и во еден момент имаа и шест гола предност. Иако Алкалоид се обиде да…
По долгогодишна запуштеност, Град Скопје започна со обновување на градските цвеќарници на ЈП „Паркови и зеленило“, кои повторно ќе бидат ставени во функција. Станува збор за цвеќарницата „Роза“ на булеварот „Илинден“, спроти фонтаната „Лотос“, како и цвеќарницата кај Министерството за економија, каде веќе се реализираат активности за темелна реконструкција. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека овие места имаат посебно значење за многу генерации скопјани, бидејќи токму таму се купувале букети за свадби, прослави и други важни животни моменти. „Градските цвеќарници беа дел од убавите спомени на многу скопјани. Затоа повторно ги ставаме во функција, со цел да станат уредни, пријатни и…
На Скопското Кале привршуваат подготовките за отворање на два нови музеја – Музејот на праисторијата и Музејот на османлискиот период, кои се очекува да бидат ставени во функција во текот на следната година. Во нив ќе бидат изложени илјадници археолошки предмети пронајдени за време на капиталните истражувања на Калето од 2007 до 2016 година, претставени преку современ музејски концепт со интерактивни и мултимедијални содржини. Со одлука на Владата, целокупниот археолошки материјал од истражувањата му е доверен на Археолошкиот музеј на Македонија, кој ќе управува со поставките. Од вторник започнува ентериерното уредување на двата музејски објекта, додека претходно беше извршена ревизија…