Автор: K.

Надојдена вода во планинскиот регион на Непал предизвика големи штети, при што беа однесени куќи и мостови, оштетено е градилиште на хидроелектрана, а жителите од повеќе населени места биле принудени да се евакуираат. Според локалните власти, цитирани од „Катманду пост“, меѓу 35 и 40 куќи биле уништени или однесени во населбите Џагат Багар, Салери и Гатихола, кои се дел од руралната општина Чумнубри. Поплавите ја погодиле и соседната општина Дарче. Жителите и туристите започнале да се повлекуваат на побезбедни места откако во раните утрински часови, околу 4 часот, биле слушнати силни звуци од реките во планинскиот предел. Водостојот нагло се…

Прочитај Повеќе

Државјанин на Шведска пријавил дека бил ограбен во Градскиот парк во Скопје, откако неколку малолетни лица му се приближиле, а едно од нив со употреба на физичка сила му одзело личен накит. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот на 10 октомври во 12:00 часот во СВР Скопје го пријавил 27-годишниот Х.Х.В. од Шведска. Според неговата пријава, инцидентот се случил околу 02:00 часот во Градскиот парк, каде што му се доближиле неколку малолетни лица. Потоа, едно од нив физички го нападнало и му го одзело накитот. Од полицијата велат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на…

Прочитај Повеќе

Либерално-демократската партија предупредува на сериозни проблеми во правосудниот систем, посочувајќи дека недостигот од судии и обвинители, како и недоволното финансирање, довеле до натрупување на над 134.000 нерешени предмети. Од ЛДП, повикувајќи се на единаесеттиот Извештај во сенка за Поглавјето 23 на Институтот за европска политика, обвинуваат дека власта бара ефикасност од правосудните институции, но истовремено не обезбедува услови за нивна независна и квалитетна работа. Според податоците што ги наведува партијата, 18 од вкупно 34 судови се соочуваат со проблеми во ажурноста, а дел од обвинителствата функционираат без ниту еден јавен обвинител. Како дополнителен проблем го посочуваат и поништувањето на огласот…

Прочитај Повеќе

Трагична несреќа се случила во водите на Охридското Езеро, каде животот го загубил 57-годишен охриѓанец откако кануто со кое управувал се превртело на околу 200 метри од брегот. Од полицијата информираат дека случајот бил пријавен на 10 октомври 2026 година во 18:30 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“. Несреќата се случила во близина на месноста „Извиднички“, каде што се превртело кануто управувано од А.Н. (57) од Охрид. По добиената пријава, веднаш биле испратени полициски службеници и екипа на Итната медицинска помош. Лекарската екипа на местото на настанот констатирала смрт кај мажот. Увид на местото извршила увидна екипа…

Прочитај Повеќе

Полициски службеници од мобилната единица „Таск Форс“ привеле две лица во одделни случаи во Тетово и Гостивар, при што биле пронајдени наркотични средства. Вчеравечер во Градскиот трговски центар во Тетово, полицијата го лишила од слобода 29-годишниот тетовчанец кај кого била пронајдена најлонска кеса со кокаин. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека лицето е осомничено за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено со член 215 од Кривичниот законик. Во друг случај, во текот на изминатата ноќ во Гостивар, припадници на мобилната единица привеле 21-годишник од Прилеп, кој престојувал во Гостивар. При…

Прочитај Повеќе

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, порачајќи дека овој датум претставува траен потсетник за вредностите врз кои се гради државноста. Во пораката таа истакна дека 11 Октомври е аманет оти слободата се освојува со храброст, правдата бара истрајност и жртва, а државата се развива со труд, чест и одговорност. Сиљановска-Давкова потсети дека на 11 октомври 1941 година македонските востаници се приклучиле кон антифашистичкиот фронт, започнувајќи ја борбата која, како што наведува, го трасирала патот кон создавањето на македонската држава. „Во време кога фашистичките сили маршираа низ Европа, македонскиот народ не…

Прочитај Повеќе

Независниот синдикат на полицијата реагираше по случајот со претепаните млади лица во близина на Сарај, оценувајќи дека станува збор за обид за политичка манипулација и дека недозволената трговија со дрога не треба да добива етнички предзнак. Во објава на социјалните мрежи, од синдикатот изнесоа детали за полициската акција, при што наведуваат дека осомничените лица најпрво се обиделе да ги прегазат полициските службеници, а потоа на еден од нив му го одзеле службеното оружје. Според информациите со кои располага синдикалната организација, лицата потоа избегале, при што предизвикале неколку сообраќајни несреќи на автопатот Скопје – Тетово. Тие, како што наведуваат од синдикатот,…

Прочитај Повеќе

Во земјава пристигнаа првите 30.000 вакцини против сезонски грип, а имунизацијата се очекува да започне без одложување, информираше министерот за здравство Сашо Клековски. Во изјава за телевизија Сител, Клековски посочи дека вакцините се од европски и јужнокорејски производител и дека по пристигнувањето ќе бидат направени неопходните проверки и тестирања. Според најавите, системот „Мој термин“ за пријавување за вакцинација треба да биде активиран во вторник, а граѓаните би требало да започнат да добиваат покани за имунизација до крајот на неделата или на почетокот од следната. „Првите количини пристигнаа вчера во земјата и ќе бидат подложени на неопходните проверки и тестирања. Очекуваме…

Прочитај Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски упати порака по повод државниот празник 11 Октомври – Денот на народното востание, изразувајќи длабока почит кон борците кои ја започнаа антифашистичката борба и го трасираа патот кон слободата. Мицкоски потсети на историските настани од пред 85 години, нагласувајќи дека храброста на луѓето кои се спротивставија на тогашните предизвици била поголема од стравот и неизвесноста со која се соочувале. Според него, борците немале гаранција за победа, ниту сигурност дека ќе ги дочекаат последиците од својата одлука, но имале верба дека слободата е вредност за која вреди да се жртвува. „Пред осумдесет и пет години, во една од…

Прочитај Повеќе

Централната команда на американската војска (CENTCOM) соопшти дека погодила и онеспособила комерцијален товарен брод под панамско знаме во Оманскиот Залив, откако екипажот, според нивните наводи, не ги почитувал предупредувањата и се обидел да ја помине поморската блокада кон Иран. Според информациите објавени од американската војска, борбен авион погодил прецизно го погодил бродот „Оушн Молика“, познат и како „Арика Сан“, при што бил уништен неговиот погонски систем. Од CENTCOM наведуваат дека сите членови на екипажот останале неповредени. „Американскиот воен борбен авион го погоди бродот со прецизна ракета, целосно онеспособувајќи го неговиот погон, додека екипажот остана без повреди“, се наведува во соопштението…

Прочитај Повеќе