Дел од жителите на Скопје денеска ќе останат без вода поради дефект на водоводната мрежа.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради уличен дефект на водоводна цевка на улицата „Марко Крале“ бр. 106, прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците на улиците „Марко Крале“, „Дабница“ и „Зуфер Мусиќ“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот и ќе трае до целосно завршување на санацијата на дефектот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
