Автор: Никола Тасев

Лидерката на француската десничарска партија Национален собир, Марин Ле Пен, објави дека ја започнува кампањата за претседателските избори во 2027 година под слоганот „Преродба на Франција“. Таа изјави дека нејзината визија е обнова на индустријата, здравството, образованието, безбедноста и суверенитетот на Франција. Ле Пен порача дека земјата мора повторно да воспостави целосна контрола врз своите граници и ги критикуваше центристичките партии, оценувајќи дека тие ќе ги продолжат политиките на претседателот Емануел Макрон. Таа нагласи дека ќе се кандидира сѐ додека законски има право на тоа и дека нема да дозволи, како што рече, претседателските избори да му бидат одземени на…

Прочитај Повеќе

Македонија и денес ќе биде под влијание на топла воздушна маса, па времето ќе биде претежно сончево и многу топло. Според УХМР, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а дневната температура ќе достигне од 30 до 38 степени. Во попладневните часови, особено во планинските и западните предели, можно е локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со максимална температура до 37 степени и можност за краткотрајна нестабилност во делови од котлината. И во наредните денови ќе продолжи претежно сончево и топло време, со повремена нестабилност во попладневните…

Прочитај Повеќе

Соединетите Американски Држави извршија нови воздушни напади врз Иран откако ирански напад врз трговски брод во Ормускиот Теснец предизвика пожар и евакуација на екипажот. Според американски информации, Иран возвратил со напади кон Бахреин, Кувајт, Катар и Обединетите Арапски Емирати, дополнително зголемувајќи ги тензиите во регионот. Американската Централна команда (CENTCOM) соопшти дека погодила околу 140 воени цели, меѓу кои ракетни и дронски позиции, складишта за муниција и комуникациска инфраструктура. Од CENTCOM наведуваат дека целта на операцијата е да се намали способноста на Иран да ги загрозува трговските бродови кои пловат низ Ормускиот Теснец. Иранската страна порача дека Теснецот останува затворен до…

Прочитај Повеќе

Во собраниска процедура е поднесен амандман на Законот за заштита од пушењето со кој се предлага пушењето цигари да биде дозволено само во приватни клубови. Министерот за здравство Азир Алиу очекува законот да биде усвоен во следните две недели и потоа да стапи во сила. Според предложеното решение, приватен клуб е правно лице со ограничен пристап, наменето исклучиво за регистрирани членови кои плаќаат членарина. Експертската група што го подготви законот не го поддржува овој амандман, оценувајќи дека тој нема да придонесе за намалување на пушењето, особено кај младите. Инаку, Законот предвидува целосна забрана за пушење и на класични и на…

Прочитај Повеќе

ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно ги обвини опозициските партии СДСМ, Левица и ДУИ дека „со свои различни изговори“ го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик. Од партијата оценуваат дека причината за нивното однесување е иста – ниските рејтинзи и стравот од изборен пораз. „Јавноста е сведок како секоја од нив излегува со различни тези и изговори, како намерно да сакаат да креираат конфузија и збунетост кај граѓаните. СДСМ не сака македонската дијаспора на полесен начин да го остварува своето уставно загарантирано право на глас, Левица прво доби повеќе пари, па после се откажа од намерата да го поддржи Изборниот закон. А, ДУИ,…

Прочитај Повеќе

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побара од Иран јавно да потврди дека Ормускиот Теснец е отворен за меѓународна пловидба и да се обврзе дека ќе ги запре нападите врз трговските бродови. Според американски претставници, Вашингтон ова барање му го пренел на Техеран и директно и преку регионални посредници. САД сметаат дека Иран го прекршил меморандумот за разбирање потпишан пред три недели со повторните напади врз трговски пловила во Ормускиот Теснец. Американската администрација предупредува дека ваквите инциденти сериозно ја доведуваат во прашање подготвеноста на Иран да постигне и да почитува евентуален договор за нуклеарната програма. Во сабота иранскиот министер за…

Прочитај Повеќе

Повеќе од четири месеци по неговото убиство, поранешниот врховен лидер на Иран, Али Хамнеи, беше погребан во неговиот роден град Машхад, јавија иранските медиуми. Погребната церемонија се одржа зад затворени врати во светилиштето на Имам Реза, најсветото шиитско светилиште во Иран. На церемонијата ѝ претходеше еднонеделна државна жалост и повеќедневни собири низ земјата. Хамнеи беше убиен на 28 февруари во израелски воздушен напад врз неговата резиденција во Техеран, со што започна војната меѓу Иран, Израел и Соединетите Американски Држави. По неговата смрт, за нов врховен лидер беше назначен неговиот син Моџтаба Хамнеи. Сепак, тој не се појавил во јавноста од…

Прочитај Повеќе

Американската војска две ноќи по ред изврши напади врз иранското пристаниште Чабахар, при што е уништена контролната кула за поморски сообраќај. Ова е прва американска воена акција во ова пристаниште по воспоставувањето на примирјето. Иранските државни медиуми ИРИБ и ИРНА потврдија дека погодени се пристаништата Шахид Бехешти и Калантари. Од Вашингтон соопштија дека цивилните објекти и клучната енергетска инфраструктура не биле цел на нападите. Според американските власти, операцијата била насочена кон инфраструктура што претставувала закана за безбедноста на трговскиот поморски сообраќај во регионот. Чабахар е единственото иранско пристаниште на Индискиот Океан и има големо стратешко значење за Иран и Индија.…

Прочитај Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска ќе престојува во работна посета на Битола, каде ќе посети стопански и образовен објект. Во рамки на посетата, премиерот најпрво ќе ја посети фабриката „Кромберг и Шуберт“, а потоа ќе изврши увид во тековните градежни работи за реконструкција на новата училишна зграда на Основното училиште „Коле Канински“ во населбата Буковски Ливади. Според владината прес-служба, посетата на фабриката е закажана за 12 часот, додека еден час подоцна Мицкоски ќе ја посети локацијата каде се реализира реконструкцијата на училиштето.

Прочитај Повеќе

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а на повеќе места ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина до 40 километри на час. Во Скопје претпладне ќе има сончеви периоди, додека попладне во делови од котлината е можна појава на краткотраен пороен дожд. Максималните дневни температури ќе се движат од 26 до 34 степени. Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време, а нова нестабилност со пороен дожд и грмежи се очекува повторно во недела.

Прочитај Повеќе