Новиот систем за евиденција на влез и излез (ЕЕС) на Европската Унија значително го продолжи времето потребно за поминување на граничната контрола за државјаните на земји кои не се членки на ЕУ. Според директорот на главниот аеродром во Рим, времето за проверка на британските патници е речиси тројно подолго, и покрај направените подобрувања. Авиокомпанијата „Рајанер“ ги предупреди патниците кои летово патуваат во Европа да пристигнуваат порано поради очекуваните долги редици. Од аеродромот во португалскиот град Фаро признаваат дека системот сè уште има софтверски проблеми, но очекуваат ситуацијата наскоро да се стабилизира. Европската комисија соопшти дека нарушувањата на повеќето аеродроми се…
Автор: Никола Тасев
СДСМ и Левица, но и многу граѓани преку социјалните мрежи упатија критики за новиот билборд поставен на влезот во Скопје, оценувајќи дека визуелното решение е несоодветно и содржи повеќе грешки. Од СДСМ тврдат дека на билбордот коњот Букефал е прикажан со пет нозе и дека наместо вистинско разубавување на градот, граѓаните добиле симбол на аматеризам. Партијата обвини дека градската власт, наместо да инвестира во инфраструктура, чистота и јавен превоз, се занимава со, како што велат, кампањи без реални резултати. Со слични критики се огласи и Левица, од каде наведуваат дека билбордот не го претставува автентично Скопје и содржи повеќе историски…
Од ВМРО-ДПМНЕ побараа институциите целосно да го расчистат случајот со труењето на повеќе од 1.200 жители на Гостивар и секој што е одговорен да сноси законски последици. Од партијата тврдат дека одговорноста е кај локалната власт во Општина Гостивар, предводена од СДСМ, ДУИ и Арбен Таравари, наведувајќи дека постои сомнеж оти биле поставени пумпи во отпадни води за зголемување на притисокот во водоводната мрежа. Министерот за здравство Сашо Клековски најави дека првичните резултати од анализите на водата ќе бидат познати утре и оцени дека засега нема услови за прогласување епидемија. На ова реагираше епидемиологот Никола Пановски, кој смета дека во…
Четириесет и петгодишен жител на Струга е приведен откако под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна незгода на регионалниот пат кај селото Калишта. Според МВР, при извршениот увид било утврдено дека возачот имал 2,56 промили алкохол во крвта. По наредба на јавен обвинител, возилото му е одземено. По целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило.
Министерството за здравство соопшти дека надлежните институции продолжуваат со интензивно следење и истражување на зголемениот број лица со симптоми на гастроентероколит на подрачјето на Гостивар. Во изминатите 24 часа на Инфективното одделение во Општата болница во Гостивар биле извршени 204 прегледи, при што три лица се задржани на болничко лекување. На Педијатриското одделение биле реализирани 140 прегледи, а дополнителни девет пациенти биле прегледани во Ургентниот центар. Од Министерството информираат дека кај најголемиот број пациенти клиничката слика е лесна, но поради наглиот пораст на заболени состојбата се третира како активен епидемиски настан. Во тек се епидемиолошки анкети, микробиолошки анализи на примероци…
Поради изведување водоводен приклучок Ф-200 мм на улицата „Партениј Зографски“ бр.51 во населба Водно, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на активностите за изведување на работите. Од Центарот за управување со кризи пак, известија дека денеска без струја денеска ќе останат дел од корисниците од Општина Аеродром. „Од ЕВН Македонија известени сме дека на ден 14.07.2026 година без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Тодор Чангов – подулица бр. 48. (…
Унгарскиот парламент со двотретинско мнозинство усвои уставен амандман со кој се овозможува предвремено завршување на мандатот на претседателот Тамаш Шујок. Со ова се отвора патот за избор на нов шеф на државата во рок од 30 дена по стапувањето во сила на измените. Премиерот Петер Маѓар изјави дека со одлуката се спроведува волјата на граѓаните и започнува процес на длабоки уставни реформи. Тој најави дека од септември ќе започне широка јавна расправа за промени во политичкиот систем. Маѓар очекува Шујок доброволно да поднесе оставка или да го потпише законот што овозможува избор на негов наследник. Според него, претседателот првично бил…
Вечерва од 20 часот во Музејот на град Скопје ќе биде отворена мултимедијалната изложба „Трага во времето“ во рамките на манифестацијата „Скопско лето“. Изложбата е емотивно и документарно сведоштво за една извонредна музичка визија. Преку автентични фотографии, материјали и приказни, поставката претставува дел од десетгодишниот пат на денешниот Национален џез оркестар – пат исполнет со творечка посветеност, заеднички стремежи и незаборавни моменти. Ќе бидат изложени дела од фотографките Татјана Ранташа и Маја Аргакијева.
На втората меѓународна донаторска конференција за обновата на Појасот Газа беа обезбедени 883,6 милиони евра, соопшти Европската комисија. На конференцијата учествуваа 65 делегации, меѓу кои земји од Европската Унија, партнерски држави, меѓународни организации и финансиски институции. Еврокомесарката за Медитеранот, Дубравка Шуица, ја претстави Меѓународната иницијатива за Газа, чија цел е координација на донаторската помош и поддршка на обновата на разурнатата палестинска енклава. Таа истакна дека за успешна испорака на помошта неопходно е да се создадат безбедносни услови, вклучително и разоружување на Хамас. Средствата ќе бидат наменети за обнова на водоводната и енергетската инфраструктура, здравствениот систем, канализацијата, расчистување на урнатините и…
И денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец, информира УХМР. Максималната ќе достигне од 30 до 36 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, со температура до 35 степени. Во следните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Од среда во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.