Поради изведување водоводен приклучок Ф-200 мм на улицата „Партениј Зографски“ бр.51 во населба Водно, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на активностите за изведување на работите.
Од Центарот за управување со кризи пак, известија дека денеска без струја денеска ќе останат дел од корисниците од Општина Аеродром.
„Од ЕВН Македонија известени сме дека на ден 14.07.2026 година без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Тодор Чангов – подулица бр. 48. ( општина Аеродром)“, информира РЦУК Скопје.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
