Американските сили извршија нов бран воздушни напади врз Иран со цел дополнително да ги ослабат неговите воени капацитети во Ормутскиот Теснец, соопшти Централната команда на САД (CENTCOM). Според американската војска, погодени биле околу 90 воени цели долж иранскиот брег. Меѓу метите се нашле системи за противвоздушна одбрана, објекти за крајбрежен надзор, складишта за ракети и беспилотни летала, како и поморска и логистичка инфраструктура. Од CENTCOM наведуваат дека нападите се продолжение на офанзивата започната претходната ноќ. Според Вашингтон, операцијата е одговор на иранските напади врз три комерцијални брода во Ормутскиот Теснец и кршењето на примирјето. Ден претходно американските сили нападнаа околу…
Автор: Никола Тасев
Западна Европа го забележа најтоплиот јуни откако постојат мерењата, покажуваат најновите податоци на европската служба за климатски промени „Коперникус“. Просечната температура во регионот изнесувала 20,74 Целзиусови степени, што е повеќе од три степени над просекот за периодот од 1991 до 2020 година. Кон крајот на месецот, силен топлотен бран урна температурни рекорди, предизвика прекини во снабдувањето со електрична енергија и затворање на училишта во повеќе европски држави. Истовремено, јуни бил вториот најтопол месец досега регистриран на глобално ниво, а температурата на површината на светските мориња достигнала рекордни вредности за овој период од годината. Научничката Саманта Бурџес оцени дека овие податоци…
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против три лица и обвинителен предлог против уште едно лице во врска со стечајот на Еуростандард банка. Тројцата се товарат за кривичното дело „Предизвикување стечај на банка“, додека четвртото лице се гони за „Несовесно работење во службата“. Според Обвинителството, обвинетите во периодот од 2013 до втората половина на 2019 година постапувале спротивно на Законот за банките и интерните акти на банката. Како членови на управните и надзорните органи, тие одобрувале кредити на кредитно неспособни и поврзани правни лица без соодветни анализи и обезбедување. Воедно, според обвинението, ја прикривале…
Девет европски држави побараа од Европската комисија да ги продолжи привремените мерки за флексибилност при примената на новиот Систем за влез и излез (EES). Во заедничко писмо до еврокомесарот за внатрешни работи Магнус Брунер, Белгија, Франција, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија предупредуваат дека системот сè уште се соочува со сериозни оперативни предизвици. Земјите нагласуваат дека остануваат посветени на целосната имплементација на системот, но бараат продолжување на вонредниот механизам и по 6 септември годинава. Тој механизам им овозможува на граничните служби во исклучителни ситуации привремено да не земаат отпечатоци од прсти и скенирање на лицето на патниците за…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска на Самитот на НАТО ќе се обрати на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, што се одржува во претседателскиот комплекс „Бештепе“ во Анкара. Таа синоќа присуствуваше на приемот организиран од претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган. – Во духот на сојузништвото и меѓусебната почит, со шефовите на држави и влади разменивме мислења за натамошното обликување на евроатлантската безбедносна архитектура, јакнењето на колективната одбрана и зацврстувањето на трансатлантското единство. Убедена сум дека со политичка мудрост, заемна доверба и цврста посветеност можеме да креираме решенија во служба на мирот, стабилноста…
Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска во Скопје ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот за европски прашања Беким Сали и со претседателот на Собранието Африм Гаши. Кос ќе има тет-а-тет средба со Мицкоски по што е предвидено да одржат заедничка прес-конференција. Во фокус на разговорите ќе биде евроинтегративниот пат на земјава и спроведувањето на реформската агенда. Ќе се разговара и за Планот за раст за Западен Балкан. Според агендата, еврокомесарката ќе го посети и студетскиот дом „Стив Наумов“ реновиран со средства од Европската унија.
Најмалку четири танкери за превоз на нафта и течен природен гас го променија курсот и се откажаа од пловидба низ Ормускиот Теснец поради влошената безбедносна состојба. Одлуката следува по нападите врз комерцијални бродови во овој стратешки поморски премин, поради што ризикот за пловидба е подигнат на највисоко ниво. Три танкери на катарската компанија QatarEnergy и еден индиски танкер направиле полукружно свртување непосредно пред влезот во теснецот. Во меѓувреме, американската војска изврши воздушни напади врз повеќе од 80 цели во Иран како одговор на нападите врз трговските бродови. Иран возврати со ракетни и дронски напади врз американски воени локации во Бахреин…
„Убаво е Скопје навечер!“ Ова синоќа на Фејсбук го напиша градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објавувајќи слика од мостот што води кон Театарот. „Уште еден прекрасен мост светна и ќе мами погледи, претворајќи се во уште едно препознатливо светло обележје на нашиот град. Мал детал што носи голема разлика и уште една причина да се гордееме со убавината на Скопје”, напиша Ѓорѓиевски и во коментар додаде дека објектите што беа поставени на мостот од времето на Шилегов наскоро ќе се отстранат.
Општина Карпош ја продолжува реконструкцијата на детските игралишта, при што се обновени уште две локации со нова и санирана урбана опрема. На игралиштето на улицата „Никола Парапунов“ поставени се нови лулашки, обновени се клупите и е санирана останатата опрема. Кај Адреналинскиот парк, во близина на кејот на Вардар, извршено е фарбање на урбаните елементи, обновени се клацкалките и лизгалките, а заменети се и старите дрвени конструкции. Од Општина Карпош велат дека реконструкцијата на претходно мапираните оштетени игралишта продолжува со засилено темпо. Целта е на децата и на жителите да им се обезбедат побезбедни и поуредени простори за игра, дружење и…
Во Собранието денеска продолжуваат разговорите меѓу координаторите на пратеничките групи во обид да се деблокираат измените на Изборниот законик. Од владејачкото мнозинство очекуваат СДСМ и ДУИ да се изјаснат за новиот предлог, според кој македонските државјани во дијаспората би гласале по пошта наместо по електронски пат. Начинот на спроведување на ваквото гласање дополнително би го утврдила Државната изборна комисија со посебен подзаконски акт. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се подготвени да разговараат и за воведување една изборна единица, доколку се обезбеди поширок политички консензус. Во меѓувреме, законските измени остануваат блокирани поради илјадниците амандмани поднесени од СДСМ и Левица, како и несогласувањата…