Автор: Никола Тасев

Американската војска соопшти дека ја завршила третата последователна ноќ на воздушни напади врз Иран, при што операцијата траела околу пет часа. Според ЦЕНТКОМ, погодени биле воени цели во повеќе ирански градови, меѓу кои Бушер, Чабахар, Џаск, Конарак, Абу Муса и Бандар Абас. Новите напади претставуваат дополнителна ескалација на конфликтот, иако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договор со Техеран сè уште е можен. Трамп порача дека Иран „не може да направи апсолутно ништо“ за да ги спречи американските операции. Во меѓувреме, Обединетите Арапски Емирати соопштија дека ирански ракети погодиле два нивни танкери во Ормускиот Теснец, при што загинал еден член…

Прочитај Повеќе

Цените на сировата нафтата повторно пораснаа на светските пазари и надминаа 79 долари за барел поради новата ескалација на тензиите меѓу САД и Иран. Барел нафта на лондонскиот пазар достигна цена од 79,34 долари, додека американската нафта се тргуваше за 74,57 долари. Пазарите се вознемирени поради новите судири и неизвесноста околу безбедноста на пловидбата низ Ормускиот Теснец, кој е еден од најважните светски енергетски коридори. Иран повторно се закани со ограничување на сообраќајот низ теснецот, додека САД најавија поморска блокада и продолжување на воените активности. Според податоците на компанијата „Кплер“, во неделата низ Ормускиот Теснец поминале само шест бродови, што…

Прочитај Повеќе

Собранието ги избра осумте нови министри предложени во рамки на владината реконструкција. За нивниот избор гласаа 69 пратеници од владејачкото мнозинство, откако пратениците од опозицијата ја напуштија седницата поради навредите што, според нив, ги упатил Иван Стоилковиќ, новиот министер за локална самоуправа. За нов министер за здравство е избран Сашо Клековски, додека Ѓоко Велковски ќе раководи со Министерството за социјална политика, демографија и млади. Коалицијата „Вреди“ ги доби ресорите правда, култура и туризам, како и Министерството за односи меѓу заедниците, со кои ќе раководат: Јетон Шасивари, Седат Сулејмани и Агон Ферати. Борче Серафимовски од ЗНАМ е нов министер за земјоделство,…

Прочитај Повеќе

Тајфунот Бави пристигна до кинеското копно, при што беа евакуирани речиси два милиони луѓе поради опасноста од невремето. Пред да ја погоди Кина, бурата предизвика најголеми штети на јапонските острови и донесе обилни врнежи на Тајван, додека на Филипините во свлечишта загинаа најмалку 17 лица. Само во кинеската провинција Жеџијанг беа евакуирани повеќе од 1,7 милиони жители, а прекинати беа наставата, работата на отворено, стотици летови и железнички линии. Во градот Венџоу, со околу 10 милиони жители, властите евакуираа стотици илјади граѓани поради директната закана од тајфунот. Иако Бави ослабе и сега е категоризиран како силна тропска бура, метеоролозите предупредуваат…

Прочитај Повеќе

Во моментов низ Македонија се реализираат околу 1.200 инфраструктурни проекти со поддршка на Владата, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој посочи дека целта е да се подобри локалната инфраструктура и директно да се олесни секојдневниот живот на граѓаните. Според Николоски, Владата најпрво се фокусирала на улици, водоводи, канализации, тротоари, градинки, училишта и здравствени установи, а паралелно ги реализира и големите државни инфраструктурни проекти. Тој оцени дека поволните кредитни линии за стопанството поттикнале инвестициски циклус вреден најмалку 750 милиони евра во приватниот сектор. Николоски нагласи дека во државата во моментов истовремено се градат шест автопати, што, според него,…

Прочитај Повеќе

„Планинска спасителна служба ќе биде достапна на Водно и во Кањон Матка, со цел побрза интервенција при несреќи и укажување помош на посетителите“, соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Тој информираше дека проектот се реализира во соработка со Црвениот крст на Град Скопје, а денеска на Водно бил презентиран тимот за подготвеност и дејствување при катастрофи, како и била изведена симулациска вежба за спасување повредено лице во планински услови. Според Ѓорѓиевски, преку организирани дежурства ќе се обезбедуваат прва помош, спасување, евакуација и безбеден транспорт на повредени лица, а спасителите ќе поминуваат континуирани обуки и симулациски вежби за унапредување на нивната…

Прочитај Повеќе

СДСМ денес вели дека последните пораки од Европската Унија се најсилниот доказ дека Македонија повеќе не е на европската агенда. Од партијата портенцираат дека додека ЕУ отвора нови кластери и поглавја со други земји кандидати, Македонија повторно останува надвор од европските процеси. „Украина и Молдавија ги отвораат преговорите, Црна Гора и Албанија напредуваат, а нашата држава не е дел од европската динамика. Ова е директна последица на однапред смислените политики на Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО. Наместо напредок, Македонија денес е заглавена, заложник на лажните ветувања на Мицкоски, неспособноста за државна политика и криминал“, се наведува во соопштението.…

Прочитај Повеќе

ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение објаснува дека економските показатели покажуваат стабилизирање на цените и дека Македонија има најниска инфлација во регионот меѓу земјите кои ги објавиле податоците за јуни. „Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, годишната инфлација во јуни изнесува 3,4 проценти, а во однос на мај е намалена за 0,5 проценти. Тоа се официјални факти. Уште поважно, инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци изнесува само 2,5 проценти, а кај облеката и обувките 2,1 процент. Тоа се категориите што најдиректно влијаат врз семејниот буџет и животниот стандард на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата дадоа споредба со инфлациите во…

Прочитај Повеќе

Со гала-концертот „Љубов“ вечерва во Античкиот театар во Охрид свечено ќе биде отворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. На отворањето ќе настапат светски познатата сопранистка Ермонела Јахо од Албанија и американскиот тенор Чарлс Кастроново, во придружба на Националната опера и балет под диригентската палка на Марко Боеми. Директорот на фестивалот, Ѓорѓи Цуцковски, истакна дека „Охридско лето“ веќе 66 години претставува мост меѓу културите и еден од најзначајните меѓународни културни настани во регионот. Фестивалот ќе трае 40 дена и ќе понуди околу 50 музички, театарски, балетски и џез-настани со учество на повеќе од 700 уметници од 24 земји. Во програмата…

Прочитај Повеќе

Најмалку две лица загинаа, а уште четворица се ранети во пукање што се случило за време на традиционалниот фестивал „Салса на Сент Клер“ во Торонто, кога дошло до размена на оган меѓу две лица. Полицијата на местото пронашла шест лица со прострелни рани, а две од нив починале на самото место. Истражителите пронашле две огнени оружја, но засега нема приведени лица и истрагата е во тек. Според полицијата, во моментот на пукањето на фестивалот имало околу 13.000 посетители, а местото на настанот било опишано како многу хаотично. Граѓаните се повикани да го избегнуваат тој дел од градот и да достават…

Прочитај Повеќе