Соединетите Американски Држави остро ја критикуваа Кина по пробното лансирање балистичка ракета способна да носи нуклеарна боева глава во Тихиот Океан. Стејт департментот оцени дека Пекинг со забрзаното и нетранспарентно јакнење на нуклеарниот арсенал предизвикува сериозна загриженост во регионот и во светот. Кинеската војска соопшти дека ракетата, испукана од подморница, носела лажна боева глава и дека станува збор за рутинска воена вежба спроведена во согласност со меѓународното право. Според тајвански извори, проектилот паднал во Пацификот меѓу Науру и Тувалу. Вашингтон ја повика Кина да се вклучи во суштински разговори за контрола на вооружувањето и навремено да ги известува другите земји…
Автор: Никола Тасев
Во турската престолнина Анкара денеска почнува дводневниот самит на НАТО, на кој ќе учествува и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која ја предводи македонската делегација. Во состав на делегацијата се министрите Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски, како и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Вечерва претседателката ќе присуствува на свечената вечера што за лидерите на земјите-членки ја организира турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а утре ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет. На самитот ќе присуствуваат лидерите на сите 32 земји-членки, меѓу кои американскиот претседател Доналд Трамп, францускиот претседател Емануел Макрон и генералниот секретар на НАТО Марк Руте. Главни теми ќе бидат…
Во Македонија продолжува периодот на стабилно, сончево и топло летно време, со високи дневни температури низ поголемиот дел од земјата. Во пониските места и котлините максималната температура ќе достигнува и ќе надминува 35 степени, додека ноќите ќе останат релативно топли. Во планинските предели ќе биде посвежо, со можност за краткотрајна локална нестабилност. Од УХМР препорачуваат да се избегнува престој на директно сонце во периодот од 11 до 17 часот, да се внесуваат повеќе течности и да се внимава на децата, повозрасните и хронично болните лица. Поради високите температури, особено во урбаните средини, постои зголемен ризик од топлотен стрес. Според прогнозите,…
Светската здравствена организација предупреди дека над Атлантикот веќе се формира нов силен топлотен бран, кој оваа недела ќе донесе температури до 43 степени во Португалија и јужна Шпанија. Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Анри П. Клуге, изјави дека Франција и земјите од Бенелукс веќе се подготвуваат за нов удар на екстремните горештини, додека делови од Централна Азија веќе бележат температури над 40 степени. Поради сериозноста на состојбата, СЗО организираше вонреден состанок со претставници на 41 европска држава, Европската комисија и невладини организации. Клуге нагласи дека националните планови за справување со топлотни бранови спасуваат животи, но предупреди дека помалку…
Иранската војска синоќа испукала најмалку два проектили кон комерцијални бродови што пловеле низ Ормутскиот Теснец, тврдат двајца американски претставници за „Аксиос“. Нападите го доведуваат во прашање меморандумот за разбирање постигнат пред помалку од три недели, со кој Техеран се обврза да ги прекине нападите во оваа стратешка поморска рута. Инцидентите се случија веднаш по истекот на еднонеделниот договор меѓу САД и Иран за привремен прекин на нападите во теснецот. Според американски извори, двата погодени трговски брода претрпеле сериозни оштетувања, но нема информации за загинати или повредени членови на екипажот. Британската поморска служба UKMTO претходно соопшти дека еден танкер бил погоден…
Полициски службеници и инспектори од Капетанијата на пристаништа Охрид вчера спровеле контрола на пловните објекти на Охридското Езеро. Биле прегледани 63 пловни објекти, а кај 31 пловило и 31 лице биле констатирани вкупно 52 прекршоци. Меѓу прекршоците се нерегистрирани и необележани пловни објекти, недостаток на задолжителна опрема, управување без дозвола и превоз на повеќе патници од дозволеното. Алкотестирањето покажало дека девет лица управувале пловила под дејство на алкохол. Од МВР најавуваат дека ваквите контроли ќе продолжат во текот на летната сезона со цел зголемување на безбедноста на вода и доследно почитување на Законот за внатрешна пловидба.
Тројца синови на убиениот ирански врховен лидер Али Хамнеи присуствуваа на почетокот на погребната церемонија во Техеран, но меѓу нив не беше новиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи. Државната телевизија ги прикажа Мостафа, Мејсам и Масуд Хамнеи како се молат покрај ковчезите на својот татко и уште четворица членови на семејството. Али Хамнеи беше убиен на 28 февруари во американско-израелските напади врз Иран. Иако првично се сметаше дека загинал, Моџтаба Хамнеи го преживеал нападот, но според извори блиски до него, се здобил со тешки повреди и оттогаш не се појавил во јавност. Неговото отсуство од погребната церемонија повторно ги поттикна шпекулациите…
Во Владата денеска ќе биде потпишан договорот меѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Европската банка за обнова и развој за грант-средства за изградба на автопатот Скопје–Блаце. На потпишувањето ќе присуствува и ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски. Според најавите, со овој договор ќе се создадат услови градежните работи да започнат уште во текот на овој месец. Вториот дел од автопатот, долг 10,5 километри, ќе го гради конзорциум предводен од домашната компанија „Гранит“. Вицепремиерот Александар Николоски очекува проектот да биде завршен за околу три и пол години. Новата делница ќе вклучува пет тунели, две галерии, 12 мостови и бројни придружни…
Грчките власти во првите пет дена од јули уапсиле 20 лица поради предизвикување пожари од небрежност. Покрај апсењата, изречени се и 20 административни казни во вкупен износ од 55.005 евра. Од почетокот на годината во Грција се регистрирани вкупно 164 апсења поврзани со предизвикување пожари. Најчестите причини се работа со отворен пламен, употреба на алатки што создаваат искри, земјоделска механизација и палење вегетација спротивно на прописите. Истражните служби ги расчистуваат пожарите во повеќе региони, меѓу кои Халкидики, Солун, Трикала и Гревена, при што осомничените веднаш биле приведени. Грчката противпожарна служба најавува засилени контроли и строги мерки во услови на висок…
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на самитот на НАТО во Турција. Средбата е посветена на можностите за прекин на војната во Украина и изнаоѓање политичко решение. Според Белата куќа, Трамп смета дека постои итна потреба конфликтот да заврши, бидејќи фронтот со месеци останува речиси непроменет. Пред средбата со Зеленски, Трамп ќе разговара со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а ќе се сретне и со сирискиот претседател Ахмед ал-Шара. На самитот тој ќе побара и сојузниците во НАТО да ги зголемат издвојувањата за одбрана. За време на собирот се очекува да бидат…