Плочникот зад Соборниот храм во Градски Ѕид, како што информираше градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски добил нов, разубавен лик. „Засадивме леандри, зимзелени и листопадни високи грмушки, ниски украсни растенија и шарен цветен расад. Сè е внимателно одбрано за да се вклопи во просторот и да внесе разиграност, свежина и боја во урбаното јадро. Затоа што едно од најчестите барања на маалските средби е повеќе зеленило и уредени површини “, напиша Герасимовски.
Автор: Никола Тасев
Со инвестиција од 40 милиони денари во нова топловодна мрежа на ЕСМ – Дистрибуција на Топлина во населба Александрија нови 1000 стамбени единици ќе имаат можност да се приклучат на мрежата за парно греење. „Целата активност е од витално значење за задоволување на растечките потреби за снабдување со топлина на објектите, како и за намалување на загадувањето на воздухот“, сподели денеска градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
СДС вечерва со новите предлог кандидати за градоначалници најави дебакл на изборите. Кандидатите на СДС се луѓе кои немаат рејтинг во своите општини, луѓе на Заев луѓе кои се претходни градоначалници кои ги опустошиле општините или пак луѓе кои се поставени за Филипче и Заев да си ги задоволат своите блиски луѓе. Еден од таквите е и новиот кандидат за Струмица, Марјан Даскаловски кој е многу близок човек на Заев и работи за неговите интереси. Даскаловски е човек кој заедно со Заев бркале и исклучувале од струја цели ромски семејства ако не гласале за нив! Овие луѓе се синоним за…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња кои се кандидати за градоначалници на партија за претстојните локални избори. Во Општина Карбинци кандидат за градоначалник ќе биде Љупка Соколовска, во Општина Василево ќе биде Ванчо Новоселски, во Општина Сопиште кандидат ќе биде Звонко Васев, во Јегуновце ќе биде Дарко Блажевск , Општина Охрид ќе биде д-р. Асен Шајн , во Демир Хисар – Златко Кузмановски, во Струмица ќе биде Марјан Даскаловски, во Општина Дебрца кандидат ќе биде Љупчо Паунковски. -Во следните две недели, верувам дека околу две третини од кандидатите за градоначалници ќе бидат потврдени од…
Аеродром и оваа година ќе доделува еднократна парична помош за семејствата чие дете е прваче во едно од основните училишта на територијата на општината во висина од 3.500 денари. Рокот за пријавување е од денеска и ќе трае до 30 септември. Потребно е, како што соопштија од Општината, сите семејства што имаат првачиња до архивата да поднесат потврда за запишан ученик, заверена од основно училиште, фотокопија од извод од матичната книга на родените за првачето, како и на увид лична карта или патна исправа на барателот.
Започна исплатата за пензионерите од Кисела Вода кои на своите сметки ќе добијат финансиска помош од 2.500 денари! Ова го соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој објави дека ги потпишал налозите за исплата на средствата. Финансиска помош добиваат пензионерите кои се приматели на старосна, инвалидска, семејна или социјална пензија кои се жители на Општина, а чии примања се помали од 22.640 денари. Еднократна помош ќе добијат повеќе од 3200 пензионери.
Во чест на 200 годишнината од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните композитори на виенската класика Македонската опера и балет на 5 јули, на Плоштадот Мајка Тереза ќе одржи гала концерт. Оркестарот при МОБ ќе биде составен од 80 музичари, под диригентска палка на маестро Винценц Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски, со репертоар составен од најпознатите валцери, арии и маршеви на Штраус.
Заврши третата сесија од летната школа NEW ART FOR(U)M, организирана од Факултетот за ликовни уметности при УКИМ – Скопје, под наслов „Мултипликација на пејзажот”, што се одржуваше во Лазарополе. Оваа година на школата учествуваа и студенти од Холандија, кои заедно со македонските од Факултетот за ликовна уметност истражуваа и креираа уметнички дела низ фотографскиот медиум инспирирани од пејзажот како визуелна, документарна и критичка форма на изразување. Групна изложба од овој настан ќе се организира при крајот на годината во Галеријата на Факултетот.
Скопјанец синоќа загина во несреќа на пешачката зона на кејот на Вардар, спроти Паркот на Франкофонијата. Според информации од очевидци, мажот бил прегазен буквално под прозорецот од својот стан, веднаш откако излегол надвор. Страшно е што во моментот на трагедијата, во близина имало повеќе од 30 деца кои се движеле и играле на кејот, затоа што можело да дојде до уште поголема несреќа. Очевидци кои споделуваат детали на социјалните мрежи тврдат дека мотоциклот со кој било удрено лицето, бил управуван од две лица кои побегнале.
Скопјани и денес се печеа на сонцето. Температурата достигна до 38 степен. Иако, во наредените денови се очекува и умерена облачност, сепак синоптичарите најавуваат дека температурите ќе растат и во следните денови ќе надминат 40°C. Сепак за време на престојниот викенд има охрабрувачки вести дека во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.