Од денес првиот влез во шенген зоната на Европската Унија за македонските граѓани ќе биде покомплициран. ЕУ почнува со постепено воведување на новиот систем за влез/излез кој целосно ќе биде имплементиран до април 2026 година.
Она што е важно за македонските граѓани дека овој систем ќе биде имплементиран и на граничните премини кон Грција и Бугарија.
При првото патување по воведувањето на системот, патниците ќе поминат низ целосен процес на регистрација кој вклучува фотографирање, скенирање на отпечатоци од прсти и внесување на податоци од пасошот.
При следните патувања, контролата, од ЕУ ветуваат дека ќе биде побрза, бидејќи податоците веќе ќе бидат складирани во системот и ќе се врши само нивна проверка.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
