Од денес во Албанија се забранува движењето на електрични тротинети по јавни патишта, најави министерката за внатрешни работи, Албана Кочиу. Повод за ова е зголемениот број на поплаки од граѓани за опасностите што ги предизвикуваат тие возила — како и за самите возачи. Кочиу најави дека ќе се подготви нова регулаторна рамка што ќе вклучува правила за возраст, заштитна опрема, осветлување, ограничување на брзина и јасна поделба каде е дозволено користење на тротинети.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
