Автор: Никола Тасев

Општина Бутел го продолжи рокот за финансиска поддршка за пензионерите од општината. Како што информираше градоначалникот Дарко Костовски, јавниот повик ќе трае до 13 јули, а право да конкурираат за еднократна помош имаат сите пензионери од Општината, без разлика дали се приматели на старосна, семејна или инвалидска пензија, чиј што износ не е повисок од 21.909 денари.

Прочитај Повеќе

На денешната прес – конференција на лидерскиот Самит на ЕУ и Западен Балкан, посветен на Планот за раст, еврокомесарката за проширување Марта Кос истакна дека лидерите прв пат се состанале да говорат за импламентацијата, затоа што се покажани првите резултати, како и дека 75 отсто од договорените реформи за сите земји се или имплементирани или тој процес е во тек. Таа потенцира дека Планот за раст е клучен дел од она што се нарекува забрзана интеграција, каде што Комисијата планира да го интегрира регионот во единствен пазар, како и во европските политики за одбрана, безбедност и подготвеност, пред земјите од…

Прочитај Повеќе

Обвинителството поднесе обвинение против 34 физички и три правни лица за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 62 лица, меѓу нив и шест деца. Според обвинителниот акт, со години наназад се кршеле закони, се прикривале неправилности и се дозволувало објектот да функционира, иако не ги исполнувал ниту минималните услови за безбедност. Обвинети се сопственици на дискотеката, членови на нивните семејства, архитектка, ексградоначалници, инспектори, обезбедувачи и државни функционериа. За 11 лица е запрена постапката и нема да се гонат со обвинение, бидејќи немало доволно докази, меѓу нив се екс директорите на Државниот пазарен инспекторат, двајца екс…

Прочитај Повеќе

Кампањата „0% корупција – Ајде да е вистина!“, која има за цел да ја зголеми свеста кај граѓаните за важноста на пријавувањето корупција и да ги охрабри да преземат активни чекори во борбата против оваа негативна појава стартуваше денеска. На промоцијата на кампањата беше истакнато дека одржливиот напредок може да се постигне само преку транспарентност, доверба и активно граѓанско учество. Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, на настанот по повод отпочнување на кампањата, што се одржа во Клуб на пратеници, истакна дека институциите даваат силна поддршка на кампањата. -Ќе го искористиме целото наше знаење и капацитети и ќе…

Прочитај Повеќе

Гори во кругот на поранешната депонија Вардариште, а „горат“ и жителите на општина Аеродром, кои на високите температури, веќе два часа се без електрична енергија. Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје информира дека денеска од 12:00 часот во  Вардариште се запалила сува трева и отпаден материјал, што се уште се гаси. Како што информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК), поради опасноста од зафаќање на трафостаница и електрични водови, превентивно струјата е исклучена и поради тоа поголемиот дел од Општината Аеродром е без електрична енергија.

Прочитај Повеќе

Во Европа само што почнаа квалификациите за Светското првенство во фудбал 2026, а десет репрезентации веќе обезбедија пласман. Автоматски како домаќини на СП 2026 ќе играат САД, Мексико и Канада. Од Азија ќе има двајца дебитанти: Јордан и Узбекистан, а Јапонија само ја продолжува традицијата за редовен учесник на мундијалите. Од Јужна Америка, веќе Аргентина обезбеди пласман, а многу блиску до виза за СП 2026 се и Еквадор и Парагвај. И Нов Зеланд ќе учествува на Светското првенство, откако завршија квалификациите во Австралија и Океанија. На СП 2026 година ќе учествуваат 48 репрезентации.

Прочитај Повеќе

По ремито против Белгија, селекторот на Македонија, Благоја Милевски за медиумите изјави: „Нема што да жалам за резултатот, Македонија покажа дека може да се носи со најдобрите во Европа. Нашата репрезентација во последно време функционира како тим и доказ се последните резултати. Но, мораме се да оставиме зад нас бидејќи за два дена не чека Казахстан. Кога имате пред себе противник како Белгија која е фаворит број еден во нашата група составена од играчи кои се меѓу најдобрите во светот секако дека претставува задоволство за тоа како изгледаше Македонија вечерва. Не можам да бидам незадоволен од тоа како изгледавме. Но,…

Прочитај Повеќе

Јаник Синер е во финалето на Ролан Гарос а за противник ќе го има Карлос Алкараз. Првиот светски рекет во полуфиналето го победи Новак Ѓоковиќ со 6:4, 7:5, 7:6. Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека може да игра на врвно ниво дури и на 38 години. Дури имаше три сет-топки во третиот сет, но Синер сепак за Србинот е енигма во овој момент. Првиот сет беше решен во петтиот гем. Синер дојде до брејк, што беше одлучувачки да поведе со 1:0 во сетови. Вториот сет беше драматичен во финишот, откако Синер направи брејк во седмиот гем и поведе со 4:3.…

Прочитај Повеќе

Старото детско вовче, два рингишпила, ситни градежни работи со поставување на павер-елементи е она што скопјани последниве месеци можат да го видат на соголениот простор на некогашниот омилен Луна парк во Градскиот парк. А беше најавувано дека Скопје ќе добие најдобар забавен парк на Балканот. Пред девет години се затвори овој простор каде претходно се забавуваа најмладите генерации, а веќе десет години само се редат ветувањата дека Луна паркот ќе се преуреди и направи поголем, поубав… Ама ништо од тоа. Нема засилени работни зафати, нема поставувања на нови забавни реквизити. Всушност, последните две години, како да секнаа и ветувањата од…

Прочитај Повеќе

Бездомните кучиња стануваат „домаќини“ во одделни скопски населби. Не испраќаат наутро кога одиме на работа, не дочекуваат доцна попладне, ако има ноќни прошетки и тие се тука, ако одите до продавница ќе ги сретнеме пак… Главниот скопски плоштад „Македонија“ одамна е локација на која постојано ги има, цела глутница секојдневно може да се забележи кај Новата железничка станица, групи има и во Аеродром околу ТЦ „Бисер“, кај поранешната слаткарница „Стела“, ги има и во Карпош… Скопјани забележуваат дека групите стануваат и поголеми. -Многу кучиња скитници има. А еден дел од нив се и агресивни особено навечер ако поминеш на „нивната…

Прочитај Повеќе