Бизнис форум помеѓу претставници на македонската и италијанската бизнис заедница се одржа денеска во Скопје, во организација на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и Амбасадата на Република Италија, а во соработка со Италијанската трговска агенција ITA. На форумот, како што информира од Амбасадата на Италија, присуствуваше бизнис делегација од 40-тина италијански компании и финансиски институции предводена од заменик министерката Триподи. Бизнис форумот е конципиран како еднодневен настан фокусиран на презентација на бизнис можностите во секторите инфраструктура, енергетска транзиција и циркуларна економија, дигитализација и технолошки иновации како и финансиски инструменти за поддршка на инвестициите.
Автор: Никола Тасев
Колумна на Никола Тасев Се сеќавате ли како порано со полна уста се фалевме дека наш ученик од шесто одделение знае повеќе од ученик од „осмо” од некоја европска држава или од САД. Е, тие времиња се зад нас. За жал! Нашите деца сега заостануваат во стекнатите знаења и вештини во однос на „европските”. Тоа, меѓу другото, го покажуваат и последните резултати од ПИСА тестирањата, каде што македонските ученици се некаде на дното на листата по остварени резултати. Состојбата е алармантна! Како да се смени тоа? Каде е грешката? Има ли надеж да се разбуди образовниот систем за кој постојано…
Природниот прираст кај населението во Македонија минатата година бил негативен и во градските подрачја и во селските подрачја. Според податоците на Државниот завод за статистика, најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања има скопскиот регион со 40.4 %, а најмало источниот регион со 5.8 %. И во однос на вкупниот број умрени лица, по региони, повторно најголемо учество има скопскиот со 30.3 %, а најмало североисточниот регион со 8.0 %. Од скопскиот регион во странство лани се отселиле 2.603 лица.
Пожарот во валандовско Грчиште, кој избувна вчера попладне, утринава повторно се активирал поттикнат од силниот и топол ветер и во моментот е зафатена голема површина при што пожарот е распространет во два огнени крака од кои едниот се движи кон селата Казан Дол и Фурка, а вториот кон општина Богданци, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во гаснењето се ангажирани повеќе од 50 лица, а градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов побарал воздушна поддршка за гаснење на пожарот, но како што информираат од ЦУК биле известени од МВР дека заради технички причини не можат да обезбедат хеликоптерска поддршка.…
Премиерот Христијан Мицкоски во репликата на изјавата на заедничката прес – конференција со еврокомесарката Марта Кос посочи дека за него македонскиот идентитет не се само македонските специјалитети туку и Гоце Делчев и Даме Груев и Сандански. -За мене мојот идентитет не е само прекрасната македонска кујна, туку е и Гоце Делчев и Шапкарев, и Миладиновци и Илинденското востание и Дамјан Груев и Јане Сандански… Не знам дали ќе го споделат истото мислење и колегите од исток, но тоа се луѓето кои се дел од нашиот идентитет, македонски идентитет, рече Мицкоски. Прашан во одос на највените спорни амандмани од бугарски европратеници…
Пожарот кој избувна вчера околу 14 часот во непосредна близина на валандовско Грчиште и се закануваше да ги зафати првите куќи во селото, е ставен под контрола, но пламените јазици досега проголтаа неколку штали, а пожарот заради силниот ветар се шири кон Богданци. Според информацијата од градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, нема повредени и изгорени куќи, но во гаснењето се ангажирани голем број пожарникари и технички средства. -Во гаснењето покрај ТППЕ Валандово, екипи испратија и против пожарните друштва од Струмица, Дојран, Гевгелија, Радовиш и Кавадарци, а во гаснењето учествува и еден хеликоптер на МВР. Состојбата е сериозна и ги преземаме…
„Ова не е храброст, ниту бунт – ова е срам и вандализам“, вака напиша градоначалникот на Аердром, Дејан Митески под видеото што го објави на социјалните мрежи, каде се гледа дека малолетници уништуваат опрема на детско игралиште „Ова не е „шега“ – ова е штета која ја плаќаме сите! Јавно апелираме до родителите, наставниците и институциите – ваквото однесување мора да запре! Урбаната опрема не е непријател. Таа е наша обврска и одговорност, стои во објавата на Митески.
Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев денеска оствари средба со генерал Арунас Паулаускас, генерален комесар на литванската полиција и Гинтаре Гајманаите, раководител на групата за меѓународна соработка, кои се дел од литванската делегација која е во посета на нашата земја. Министерството за внатрешни работи соопшти дека на средбата се разговарало за продлабочување на билатералната соработка, особено во насока заедничките безбедносни предизвици, како што се борбата против тероризмот, организираниот криминал и нелегалната миграција. – Соработката со литванската полиција се заснова на постоечкиот билатерален договор, кој опфаќа широк спектар на области, меѓу кои спречување и борба против тероризам, трговија…
Македонија ќе отвори две нови ленти за излез и една дополнителна лента за влез на товарни возила на граничниот премин „Богородица“, информира денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Министерот посочи дека со овој потег се очекува значително олеснување на метежот кој во летниот период е вообичаен, особено поради големиот број туристи од регионот кои патуваат кон Грција, како и дека чекањата од неколку часа се очекува да се намалат со подобрување на капацитетот и ефикасноста на граничниот премин. Тошковски најави и долгорочна стратегија – пренасочување на товарниот сообраќај кон посебен граничен премин, слично на решението што веќе го применува…
На државните патишта во Македонија од денес почна летниот времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. „Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта“, информира МВР. Летниот режим на сообраќај ќе трае до…