Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Т. во својство на сопственик, управител и овластен потписник на Друштвото за производство, трговија и услуги РУЖ ЕКСПОРТ ДООЕЛ КАВАДАРЦИ поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ по член 279 став 3, Продолжено кривично дело по член 45 став 1 и став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија. -Пријавената С. Т. во својство на сопственик, управител и овластен потписник на Друштвото за производство, трговија и услуги РУЖ ЕКСПОРТ ДООЕЛ КАВАДАРЦИ, во периодот од 01.01.2013 година до 31.12.2018 година, свесно и со намера…
Автор: Никола Тасев
Утре ќе имаме првична средба со политичката партија ЗНАМ за да видиме кои се очекувањата, а што се однесува до кандидатите за градоначалници од СДСМ им посакувам успешна кампања и сигурен пораз на следните локални избори, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање за коалицирањето со ЗНАМ на локалните избори и коментар за кандидатите на СДСМ за градоначалници Додаде дека в недела ќе заседава Извршниот комитет на партијата на кој ќе биде пренесено тоа што се разговарало. -Продолжуваат и разговорите со политичките партии од внатрешната коалиција, па ќе се отпочнат консултации со политички партии кои сакат да…
Вкупно 120 нови дигитални услуги, кои веќе ги користат над 170.000 граѓани, над 70 институции поврзани преку платформата за интероперабилност, прва Национална стратегија за сајбер безбедност и четири нови закони, вклучително и првиот Закон за сајбер безбедност се дел од реализираните активности на Министерството за дигитална трансформација кои ги презентираше министерот Стефан Андоновски по една година од работата на министерството. На денешната прес-конференција Андоновски истакна дека дигитализацијата не е само технолошка промена, туку суштинска реформа на државниот апарат. -Ова Министерство беше создадено со јасен мандат, да ја предводи дигиталната трансформација на Македонија, не како себедоволен технолошки меур, туку како национален…
Полската амбасада во Македонија, во соработка со организацијата Equality во Кисела Вода ќе градат „Парк за еднаквост“ за лицата со посебни потреби. Вакво нешто не постои никаде во Македонија. Ја видовме потребата да се создаде такво место во македонската престолнина, што претседателот на Equality, Гере Трипков, само ја потврди. А, бидејќи сакаме да работиме со позитивни луѓе, ние ги активиравме нашите контакти и го добивме! Изградбата ќе започне наскоро, а за неколку месеци ќе ги објавиме резултатите – соопштија од амбасадата на Полска. Од невладината организација порачаа дека инкулизноста не е луксуз и дека дека со гордост го најавуваат почетокот…
Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии – Комисијата за култура и туризам и Законодавно правната комисија. Пред членовите на Комисијата за култура и туризам се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство и Предлог законот за изменување на Законот за библиотеките, и двата во прво читање. На дневен ред на Законодавно правната комисија се Предлог законот за изменување на Законот за државните награди, Предлог законот за дополнување на Кривичниот законик, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство и Предлог законот за изменување на Законот за библиотеките, сите…
Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје денеска соопшти дека е регистрирана енормно зголемена потрошувачка на вода, особено во попладневните часови. Според податоците од системот за мониторинг и мерење на дневната потрошувачка, на 23 јуни биле потрошени рекордни 356.000 кубни метри вода, што значи дека просечната потрошувачка изнесувала околу 700 литри по жител. Од претпријатието апелираат до граѓаните на градот Скопје на совесно и рационално користење и употреба на водата. Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени. Од ЈП Водовод и канализација – Скопје ги повикуваат…
Правилата во спортот постојано се менуваат. Така, Светската ракометна федерација објави промена на четири правила, кои важат од денес. Прво, удар во глава при пенал – повеќе не значи директен црвен картон Една од главните измени е правилото што предвидуваше директен црвен картон, доколку играчот го погоди голманот во главата при изведување седмерец или слободен удар. Со новите измени, казната ќе биде исклучување од две минути, под следниве услови: Кога играч во отворена ситуација го погодува голманот во глава, Кога играч го погодува голманот од седмерец, ако голманот не ја движи главата кон топката за да ја блокира, Кога при…
Што е ново во Скопје? Дознавате секој ден во урбаните вести „Ритамот на Скопје“ на Прва скопска ТВ од 16:45, 19:55, 22:00 и 01:00 часот.
Од денеска до средината на следната седмица, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а наместа ќе надминува 40 степени Целзиусови, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи. Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Институтот за јавно здравје деновиве излезе со препораки за заштита на повозрасните од топлото време. Се апелира повозрасните да избегнуваат изложување на сонце, како и работа на отворено, во периодот од 11 до 17 часот. Да носат лесна, светла и…
Проектот „Општината низ детскиот објектив“, каде што основците ќе креираат краткометражни филмови, кои ќе бидат презентирани во Деновите на Општината, доби поддршка од Советот на Карпош. Следната учебна година при прославата на јубилејната годишнина на Општината, учениците од сите десет основни училишта освен на ликовната колонија, училишните спортски лиги, натпреварите по математика, ќе се натпреваруваат и преку режирање, креирање и создавање на филмови за Општина Карпош.