Лето без вода во Скопје! Се повеќе граѓани на социјалните мрежи споделуваат објави дека немаат вода. Ако до лани, тој проблем го имаше само во приградските средини, годинава вода редовно нема ниту во Центар, Карпош, Аеродром… Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ секојдневно апелираат да се штеди и рационално да се користи водата, но попусто. Проблемите се јавуваат најмногу заради застарената инфраструктура, затоа што голем дел од водоводната мрежа во Скопје е стара повеќе од 40-50 години, па како последици на честите дефекти и пукање цевки доведува до огромни загуби на водата. Вториот голем проблем е пренатрупаноста и урбаната експанзија, затоа…
Автор: Никола Тасев
Во собраниската Комисија за финансирање и буџет треба да продолжи расправата за ребалансот на Буџетот. Со ребалансот се врши реалокација на средства меѓу буџетските корисници, се дообезбедуваат средства за исплата на плати пред се во Министерството за внатрешни работи, каде е обезбеден раст на платите на вработените од 10 проценти, а се обезбедени дополнителни средства и за исплата на зголемени пензии и дополнителни околу 300 милиони денари за капитални расходи. Вкупните приходи во ребалансот се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари, а расходите на износ од 403,7 милијарди денари, по еден процент (околу 3,5 милијарди денари) повеќе во однос…
Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 40 степени. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека до вторник времето ќе биде многу топло со дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе надминува 40 степени. Во недела во попладневните и вечерните…
На граничниот премин кон Србија „Табановце-Прешево“ денеска ќе биде пуштен во употреба системот „One Stop“ за заедничка интегрирана контрола. На официјалниот старт на One Stop системот ќе присуствуваат министрите за внатрешни работи на Македонија и на Србија, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ. Воведувањето на овој систем, како што изјави неодамна министерот Тошковски, ќе овозможи многу побрз проток на граѓани на „Табановце-Прешево“, кој моментално е најфреквентниот граничен премин во државава. Новиот начин на контрола треба да го олесни метежот на границите, особено во летниот период на зголемени патувања. One Stop системот веќе е воспоставен со Косово на премините Блаце и Јажинце,…
За една година ВМРО-ДПМНЕ ја заглави државата на меѓународен план, станавме држава на залжник на туѓи интереси, потенцираше претседателот на Социјалдемокртаскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на вечерашната трибина „Мугра на Слободата“, во Крушево. Тој предупреди дека Владата на ВМРО ДПМНЕ од држава со јасна иднина напред, ја направи држава заложник на туѓи интереси. „За една година ВМРО-ДПМНЕ ја заглави државата на меѓународен план. Од држава со јасна иднина напред, станавме држава заложник на туѓи интереси кои што ја раководат оваа власт преку финансиско заложништво. Мицкоски е скапо платен спроведувач на политики на држави кои не и мислат добро…
„За помалку од една година исплативме повеќе од 9 милијарди денари субвенции. Направивме распределба на земјоделско земјиште. Имаме раст на извозот во првиот квартал од 5%. Вкупно се вклучени 2.109 договори на околу 6 илјади хектари. Беше распишан Јавен повик кој се однесува на Мерката 112 – „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“ каде се доставени 254 апликации, истакна премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната трибина во Струмица насловена „Една година ги градиме темелите на македонското земјоделство и храна“. Мицкоски продолжи и додаде: „Свесен сум дека мора да направиме и многу други работи. И…
Што е ново во Скопје? Дознавате секој ден во урбаните вести „Ритамот на Скопје“ на Прва скопска ТВ од 16:45, 19:55, 22:00 и 01:00 часот. https://youtu.be/l0UaGJQwRYg?si=r3_mI8AV0CO_KZM3
Синоќа во населба Хиподром 2 беше отворен најголемиот зелен парк во општина Гази Баба, изграден на 11.000 м². Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски истакна дека рамките на паркот се наоѓаат и детско забавно катче и нов спортски кошаркарски терен со тартан подлога.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, а интензитетот на на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Апел до скопјани, што патуваат овие денови, надвор од Градот за поголема внимателност поради зголемената фрекфенција на возила.
„ЕВН Македонија“ на Археолошкиот музеј му отстапи парцела на локалитетот Тумба Маџари. На потпишувањето на договорот беа присутни министерот за култура и туризам Зоран Љутков, австрискиот амбасадор Мартин Памер, претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г. Волфганг Мајер, и директорката на Археолошкиот музеј на Македонија, Магдалена Манаскова. „Локацијата што денес се отстапува за долгорочно користење – во рамките на археолошкиот локалитет Тумба Маџари – станува дел од живата мрежа на научна работа, теренски истражувања, едукација и развој. Од денес локалитетот Тумба Маџари добива нова перспектива“, соопштија од Археолочкиот музеј. Министерот Љутков упати голема благодарност до ЕВН Македонија и до…