Во среда во Македонија пристигнува претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Веднаш откако го преживеа гласањето во европарламентот за нејзино разрешување каде 179 пратеници беа „за” нејзина смена оти лошо ја води ЕУ, таа тргна во посета на Западен Балкан.
Што фон дер Лајен ќе каже во Скопје? Носи ли таа некаква гаранција дека Македонија нема повеќе да налетува на вета и други сопки во евроинтеграциите? Или повторно ќе ни каже дека ЕУ многу ја сака нашата земја во Унијата, ама ете уште некои работи мора да ги сработиме, а потоа ќе се види како понатаму? Неодамна таа пофали соседни земји дека постигнуваат импресивен напредок на патот кон ЕУ.
Време е во среда да ни каже зошто сите болни отстапки кои до сега ги направи Македонија по налог на Брисел не се доволно импресивни за ЕУ. И треба да каже кога конечно Брисел ќе ја импресионира Македонија прифаќајки дека сите земји во Европа се рамноправни и никој не може од страна на друг да му наметнува што ќе посака.
Инаку, Фон дер Лајен ќе има одвоени средби со претседателката Сиљановска-Давкова, со премиерот Мицкоски и со претседателот на Собранието, Гаши.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
