Големи ненадејни поплави предизвикаа хаос во шпанскиот регион Каталонија. Тамошните власти велат дека голем број луѓе се заробени во своите возила кои буквално пливаат по улиците. На социјалните мрежи се појавија драматични снимки на кои се гледаат порои од валкана вода како се слеваат по улиците на градовите Ла Рапита и Санта Барбара. Засега нема официјални извештаи за повредени или смртни случаи, но штетата е веќе голема.
Поради лоши временски услови, сите поаѓања на возови од Барселона и Валенсија кои ги поврзува крајбрежните градови, се суспендирани.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
