Автор: Никола Тасев

Топлотниот бран што ја зафати земјава и денеска носи многу високи температути кои ќе достигнат до 41 степен. Ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степен. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 41 степен. Поради високите температури од вчера е активирана фазата 3 од Акцискиот план за превенирање на последиците од…

Прочитај Повеќе

Македонската амбасада во Белград ја потврди информацијата за сообраќајната несреќа што се случила рано изутрината на автопатот Нови Сад – Суботица во Србија во која еден македонски државјанин загина, а еден е тешко повреден. Од Амбасадата се во контакт со семејството на починатото лице со цел олеснување на административните постапки за транспорт во земјава. Утрово, РТС објави дека македонски државјанин загина, а еден е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила рано изутрината. Според информациите добиени од Полициската управа на Суботица, возило „КИА“ со македонски регистарски таблички, кое се движело по автопатот кон граничниот премин Хоргош, излетало од патот…

Прочитај Повеќе

Изградбата на новата детска градинка во Стопански Двор продолжува со одлична динамика, откако беа отстранети неколку пречки кои ја забавуваа реализацијата на проектот, сподели денеска преку социјалните мрежи градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. На приземјето ќе бидат сместени две јаслени групи за околу 30 дечиња на возраст од 0 до 2 години, додека на првиот кат ќе функционираат четири занимални за повозрасните. Вкупниот капацитет ќе надмине 100 деца во предучилишна возраст.

Прочитај Повеќе

Скопски Вардар, по седумгодишна пауза повторно игра ќе игра фудбал на европската сцена. Првиот натпревар „црвено-црните“ ќе го одиграат на 10 јули од 20:30 часот, каде на Националната арена „Тодор Проески“ ќе ја пречекаат екипата на Ла Фиорита, во рамките на првото квалификациско коло од Конференциската лига. Од клубот информираа дека билетите за овој натпревар веќе се пуштени во продажба, а ќе бидат отворени само јужната и западната трибина.

Прочитај Повеќе

Вечерва со почеток во 20:30 часот во Музејот на македонската борба за самостојност, во рамките на овогодинешното издание на Скопско лето ќе се одржи концерт насловен „Оперска приказна од најубавите дела на Верди и Пучини”, во изведба на Марија Наумовска – Бакревски (сопран) и Андреја Наунов (пијано).

Прочитај Повеќе

Скопје Сити Мол во партнерство со Синеплекс го отворија првото летно кино под отворено небо на покривот од трговскиот центар. „Rooftop Open Air Cinema“, беше промовирано со проекција на блокбастерот „Интерстелар“ на култниот режисер Кристофер Нолан. Со ова официјално започна првата летна сезона на ова уникатно кино под ѕвездено небо, кое ќе понуди фантастичен избор на филмска програма  до 5 септември. Проекциите ќе се одржуваат три пати неделно – секоја среда, петок и сабота, со почеток во 21 часот, а на програмата ќе се најдат холивудски хитови и македонски култни филмови. Посетителите ќе имаат можност да уживаат не само во кино искуството, туку и во дополнителна забавна програма која започнува од 19.30 часот, пред секоја…

Прочитај Повеќе

Општина Центар го прошири опфатот за доделување на субвенции за обука и полагање на возачка дозвола за Б-категорија, со цел да се задоволи зголемениот интерес кај младите. Со новата одлука право на аплицирање ќе имаат и младите кои годинава ќе наполнат 19 години, односно сите што се родени во 2006-тата, но и во 2007 година, истакна градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски. Субвенцијата изнесува 10.000 денари и може да се користи исклучиво во автошколи регистрирани во општина Центар.

Прочитај Повеќе

Со апел до опозицијата да ги поддржи предложените измените и дополнувања на Законот за локална самоуправа го започна отчетот министерот Златко Перински. Тој нагласи дека е финализиран текстот на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за локална самоуправа во согласност со европските стандарди и Извештајот на Венецијанската комисија од 2019 година, осообено во делот на локална демократија преку можноста за отповикување градоначалник. – Она што беше основна задача на Министерството ја завршивме, дадовме се од себе преку транспарентен и инклузивен процес во рамки на осуммесечен период да ги вклучиме сите засегнати страни. Генерално измените кои ги детерминаравме се…

Прочитај Повеќе

„По седум години целосно запоставен, спортот се враќа во приоритетите на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, стои во денешното соопштение од владеачката партија „Не беше лесно да се санира целата штета и пустош кој СДСМ го оставија во македонскиот спорт, но со многу труд и посветена работа, за една година се поставија и почнаа да се градат темелите и во спортот. За подобрување на условите за развој на спортот, Министерството за спорт отпочна и реализираше многу проекти, меѓу кои: – Комплетно реконструирана спортска сала во Радовиш; – Изградена нова атлетска патека во Гевгелија; – Реконструирана спортска сала во Ново Село; -…

Прочитај Повеќе