Ритамот на Скопје – Вашата нова дестинација за дневна информативна анализа! Секој работен ден во 16:45 часот на Прва Скопска Телевизија. Следете ја најновата информативна емисија која го отсликува пулсот на главниот град. https://youtu.be/m2zEPyQbV6A?si=XbQ1dW1Gl78ztDHk&t=26
Автор: Никола Тасев
Две лица се повредени во пожарот што синоќа зафати неколку куќи во населбата Злокуќани. Од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје соопштија дека пожарот бил изгаснат во раните утрински часови, а на местото е интервенирано со 10 противпожарни возила и поголем број пожарникари. Со огнот биле зафатени кровните конструкции на куќите, што се наоѓале една до друга, а постоела опасност огнот да се прошири и на останатите објекти во близина кои, исто така, биле „лепенки“.
Викендов увид во напредокот на градежните активности во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ изврши градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. -Доградбата предвидува шест нови училници, по две на приземје, на првиот и на вториот кат, со вкупна површина од 390 квадратни метри. Градежните работи се во напредна фаза, изјави Ѓорѓиевски.
Од утре почнува снимањето на најновиот филм на Милчо Манчевски – „Збогум, Копакабано“. Продуцентот е Јане Ќортошев, дизајнер на продукција е Британецот Дејвид Манс, а кинематограф е Италијанецот Стефано Фаливене. Актерската екипа е претежно од Македонија. Новиот филм на Манчевски е во продукција на „Банана филм“.
Вечерва на „Скопско лето“ во Македонската филхармонија ќе се одржи Гала концерт на Вејчеслав Поповски. Настанот ќе биде збогатен и со настапот на Acies Quartett – културни амбасадори на Австрија, Рихард Рикон – реномиран пијанист од Словачка, и Елена Васова – гостин-сопран.
По неколку дена разладување – повторно ќе врие во Скопје. Од денес до петок, под влијание на афрички топлотен бран дневните температури пак ќе се движат околу 40-сетиот степен. Најави, според синоптичарите, за дожд и разладување нема. Топлото и суво време и неделава ќе претставува опасност за разгорување на нови пожари на територијата на цела држава.
Вчера Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со ЈП „Национални шуми“ и Шумската полиција, во рекреативниот центар Матка, спроведе превентивна активност во рамки на кампањата за спречување на шумските пожари и бесправната сеча на дрва. Притоа, во рамки на активноста, во разговор со посетителите беше потенцирано дека е потребна континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување, како што фрлање и палење на ѓубре, палење оган на отворен простор или во близина на шумски појаси, фрлање на отпушоци и слично, со цел брза и навремена реакција на институциите.
Орце Ѓорѓиевски, кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, вчера беше во посета на општина Карпош, каде што оствари повеќе средби со граѓаните. „Прекрасен ден во Карпош! Одличен прием и уште посилна енергија за голема и убедлива победа,“ изјави Ѓорѓиевски, истакнувајќи дека најголемата чест е да се работи за својот народ и да се биде меѓу луѓето. Тој ја истакна запуштеноста и нефункционалноста на градот, нагласувајќи дека целта е Скопје повторно да стане град што се грижи за граѓаните и „дише со своите луѓе“. „Имаме концепт – за три месеци целосно функционален град. Ни треба организација, работа, присутност – и…
Реакција на советниците од општина Карпош, по одлуката на Министерството за спорт за одземање на спортската сала „Партизан“. Повеќе во видеото:
Пуштена делница од 20 км на автопатот Кичево – Охрид. Повеќе во видеото: