Арената „Борис Трајковски“ на 18 октомври блесна во ритамот на легендарните хитови на ABBA, кога на сцената се изведе светскиот мјузикл „Mamma Mia!“ – спектакл што им подари на скопјани вечер исполнета со музика, енергија и емоција.

Со повеќе од 150 уметници на сцена, жив оркестар, хор и балет, претставата понуди вистинско театарско чудо. Публиката уживаше во незаборавните песни “Dancing Queen”, “Super Trouper”, “The Winner Takes It All”, “Gimme! Gimme! Gimme!” и, секако, “Mamma Mia”, кои ја оживеаја топлата приказна за љубов, пријателство и потрага по идентитет.
Импресивната сценографија, светлосните ефекти и раскошните костими ја претворија салата во полноправна Бродвеј сцена, а публиката возврати со громогласни аплаузи, песни и насмевки.
Скопје барем за една вечер беше дел од светската магија на „Mamma Mia!“ – настан што ќе се памети долго.
Диригентката со сигурна рака го водеше оркестарот, кој маестрално ги отвораше секоја следна сцена, додека сценографијата — едноставна, но ефективна — се менуваше во склад со динамиката на приказната.
Мјузиклот „Mamma Mia!“ на сите присутни им подари нешто ново и ретко видено кај нас – вистинско сценско искуство кое обедини публика од сите возрасти.
Сите пееја, се смееја, можеби пуштија и по некоја солза, но без исклучок заминаа со полни срца и насмевки.
И едно е сигурно — Скопје одамна посакуваше нешто вакво: проект што се издвојува од сè што ни е најавено за оваа зима и што потсетува дека магијата на музичкиот театар сè уште живее.
П.С.ТВ
