Повеќе во видеото:
Автор: Никола Тасев
Поранешната министерка за екологија, Каја Шукова, актуелна потпретседателка на СДСМ, ќе биде кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на опозициската партија, дознава Прва Скопска телевизија од високи партиски извори. Иако, вчера архитектот Мишко Ралев, име кое се спомнуваше како можен кандидат најави дека останува во партиската трка за кандидат за прв човек на Градот, сепак, неофицијално, врвот на Партијата одлучил дека Шукова има повеќе шанси за успех.
На средба со жителите на Центар, кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, разговараше за урбаните предизвици и можностите за развој на оваа централна градска општина. „Центар е лицето на Скопје и токму затоа ќе се потрудиме тоа лице да биде достоинствено, современо и чисто“, истакна Ѓорѓиевски пред присутните граѓани, додавајќи дека сите нивни барања внимателно ќе бидат вклучени во новата програма. Тој нагласи дека приоритет ќе биде хигиената, соопштувајќи дека ќе се вложи во редовно одржување на јавниот простор. Воедно најави решенија за намалување на сообраќајниот метеж, преку паметни и ефикасни сообраќајни решенија, како и развој на…
Земјотрес е почувствуван синоќа во Скопје и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Како што соопштија од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на земјотресот потекнува од територијата на соседно Косово, 39 км североисточно од Скопје, а бил со јачина од 2,6 степени по Рихтер. Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија, го регистрирала земјотресот синоќа во 22 часот и 43 минути.
Што е ново во Скопје? Дознавате секој ден во урбаните вести „Ритамот на Скопје“ на Прва скопска ТВ од 16:45, 19:55, 22:00 и 01:00 часот. https://youtu.be/eF24TCPhYXA?si=5nlJgHHTrhRYbUxj
Со ставање во функција на фотоволтаичниот систем во основното училиште „Невена Георгиева Дуња“, Кисела Вода стана прва општина, во која сите основни училишта располагаат со вакви сопствени системи. „Со овој проект покрај финансиските заштеди ја подигнуваме и еколошка свест. На нашите ученици им овозможуваме да растат со конкретни примери на грижа за животната средина. Наместо само да им зборуваме за екологија, им покажуваме што значи одговорност, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
„Советот на општина Гази Баба на денешната седница го усвои ребалансот на буџетот, со што се отвори патот за реализација на повеќе од 60 нови проекти во различни населени места низ целата општина,“ информираше градоначалникот Бобан Стефковски преку социјалните мрежи. Како што посочи, со оваа одлука, влегуваат во нова фаза на забрзан локален развој, која ќе се одвива со полна пареа во текот на летото и есента. „Станува збор за проекти кои ќе значат подобрување на инфраструктурата, реконструкција на локални патишта, уредување на јавни површини, градење на детски игралишта, спортски зони и други значајни иницијативи за подобрување на квалитетот на…
За помалку од една недела, 1360 пензионери од Центар се пријавиле за еднократна парична помош од 2.500 денари. „Пријавувањето е во тек. Интересот е навистина голем. Пензионерите најчесто ги користат утринските часови за да се пријават, а бројот на поднесени барања секојдневно расте. Ова е јасен показател дека ваквата мерка навистина им значи на нашите повозрасни граѓани”, посочи градоначалникот Горан Герасимовски.
Под мотото „Партизан не го даваме“, денес пред спортската сала „Наум Наумовски – Борче“ во Карпош 4, попозната како „Партизан“, ќе се одржи протест на граѓани како реакција на одлуката на Владата за одземање на салата од трајно користење на Општина Карпош. Од Општина велат дека станува збор за објект од особено значење за заедницата, во кој вложиле значителни средства за негово пуштање во употреба.
„Љубанци и Љуботен – двете села во општина Бутел, конечно ќе добијат чиста вода за пиење од градскиот водовод, откако Владата на Општината и обезбеди над 110 милиони денари за реализација на овој капитален инфраструктурен проект“, објави градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски. Тој изјави и дека ова е ден за историја, не само за Љубанци и Љуботен, туку и за цела Бутел, затоа што по децении чекање, жителите на овие села конечно ќе имаат безбеден пристап до чиста вода за пиење.