На 3.474 гласачки места низ цела Македонија, денеска вкупно 1.832.415 гласачи ќе можат да го избираат својот фаворити за градоначалничка позиција, како и за членови на советите на општините.
На локалните избори, што започнаа утрово од 7 часот има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети, со вкупно 10.490 кандидати.
Во Скопје за градоначалник на главниот град, како и за први луѓе на десетте општини ќе гласаат вкупно 474.304 граѓани со право на глас.
Во изминативе 20 дена кампања, гласачите ги слушнаа сите кандидати за градоначалници. Тие зборуваа на собири, средби со граѓани, на прес конференции и преку медиумите. Денеска зборуваат граѓаните!
Првичните резултатите се очекуваат вечерва по 21 часот.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар

