Времето денеска ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, над 60 км/ч. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 31 степен. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 29 степени. Во следните денови времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.
Автор: Никола Тасев
Сообраќајот на потегот од клучка Орман до клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто така и на потегот Скопје-ГП за ГР Блаце. Како што информира изутринава АМСМ, нормализиран е и сообраќајот на експресениот пат Ранковце-Крива Паланка во двата правца. Сообраќајот на овие патишта беше во прекин поради пожарите.
Домаќин на кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, вчера му беше градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски. На средбите со граѓаните, Ѓорѓиевски истакна дека младите се двигател на општеството и најголема надеж за иднината на Македонија. „Во нивните очи гледаме енергија и храброст, а во нивните идеи – нова перспектива. Нашата обврска е да создадеме услови тие да останат тука, дома – со можности за образование, работа, култура и достоинствен живот,“ додека Ѓорѓиевски. Тој истакна и дека како Град Скопје, заедно со Владата, ќе ги вложат сите ресурси во развој на младите, со конкретни политики, ќе ги…
„Секој ден се фаќаат по 30 диви приклучоци, а ни денар не плаќаат и затоа нерационално трошат, бидејќи водата ја добиваат за џабе, а МВР не постапува“, објави на социјалните мрежи градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Таа праша и зошто ако може по службена должност да се поднесуваат кривични пријави за оние што крадат струја од ЕВН која е приватна фирма, не може да се поднесат и за тие што крадат од ЈП „Водовод и канализација“, за да си наводнуваат цели ниви, за дивоградбите, за полнење базени со основниот природен ресурс- водата за пиење. „Потрошувачката на вода овој месец на…
Свое претставување пред симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, синоќа имаше кандидатот за градоначалник, Сотир Лукровски. „Со благодарност кон претседателот Христијан Мицкоски, ја прифаќам оваа кандидатура со целосна свесност за одговорноста – затоа што Карпош има право на чесна и ефикасна локална власт“, порача Лукровски. Лукровски нагласи дека Карпош има потреба од планско урбанистичко развивање, повеќе зеленило, решавање на проблемот со паркирањето, модерни градинки и училишта, како и вистинска борба против загадувањето и урбаниот хаос. „Јас не ветувам невозможни работи – туку секојдневна работа, близок контакт со граѓаните и тимска посветеност за реални резултати“, истакна Лукровски.
Актуелниот градоначалник на Аеродром, воедно и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за нов мандат во објава на социјалните мрежи ги најави проектите што со поддршка од Владата ќе ги реализира во следниот период. Меѓу другото Митески најави доградба на училиштето „Блаже Конески“ и надградба на училиштето во Горно Лисиче – „Гоце Делчев“. Во наредниот период општина Аеродром ќе изврши и реконструкција на водоводната мрежа на улица „Божидар Рајковиќ“ во Горно Лисиче, а ќе се реконструираат и десетина улици низ Општината. Според Митески, аеродромци за првпат ќе добијат и Мултимедијален центар -современо уреден простор каде што ќе се одржуваат претстави, кино проекции, концерти,…
Владата на општина Гази Баба и одобрила финанс ирање на 16 нови капитални проекти, информираше градоначалникот Бобан Стефковски. Како што стои во неговата објава, тој веќе оддржал состаноци со секторите од општинската администрација за подготовка на ребалансот на буџетот, кој како што вели, веднаш потоа ќе се распишат постапките за почеток на градежни активности на терен. Меѓу проектите што ќе се градат во следниот период, Стефковски ги најави: нова детска градинка помеѓу Маџари и Керамидница, нова спортска сала во училиштето Григор Прличев во Железара; атмосферски и фекални канализации во повеќе населени места, како и реконструкција на повеќе улици низ Општината.
Новата детска градинка „Бамби“, која претставува составен дел на детската установа „Фидани“ го помина финалниот инспекциски надзор. „Објектот е целосно опремен со современ инвентар и модерен ентериер, во целосна согласност со највисоките стандарди за предучилишни установи. Со капацитет од 350 деца и 22 функционални занимални, овој нов институционален објект обезбедува оптимални услови за ран детски развој, безбедност и благосостојба“, се наведува во соопштението на општина Чаир. Од Општината најавија дека по завршувањето на градежните активности и внатрешното уредување, во наредните денови се очекува да се организира и свеченото отворање на објектот, додека паралелно ќе се финализираат и последните естетски детали…
Во организација на Здружението на бизнис жени со поддршка на Општина Карпош, синоќа се одржа женско бизнис дружење со цел, поттикнување на нови соработки и јакнење на заедницата на жени претприемачи во Карпош. На средбата присуствуваа претставничките од бизнис секторот како и координаторката за еднакви можности на жените и мажите при Општина Карпош, Виолета Михајловска. „Би сакала да истакнам дека Карпош е меѓу првите општини која формимираше локален Совет за женско претприемништво. За таа намена Општина Карпош годинава издвои 200.000 денари за спроведување на проект за поддршка и развој на женското претприемништво преку вмрежување и политики, “ – објасни Михајловска.
Општина Петровец направи бушотина за водоснабдување на населеното место Катланово, со цел надополнување на постоечката водоводна мрежа, особено во летниот период кога е зголемена потрошувачката на вода. По добивањето на резултатите за техничката исправност на водата истата ќе биде пуштена за употреба во водоводната мрежа. Од Општината информираа дека се преземаат активности за уште една бушотина за дополнување на водоснабдувањето на населеното место Сушица, бидејки и во ова населено место во летниот период се јавува недостиг на вода.