Сите пензионери од општина Центар со ниски примања може да се пријават за еднократна финансиска помош од 2.500 денари. Како што информираа од општината, на јавниот повик што е објавен денес право на пријавување имаат сите кои примаат старосна, семејна, инвалидска или социјална пензија, при што месечниот износ не смее да го надминува износот од 26.157 денари. „И годинава не ги забораваме пензионерите. Продолжуваме со поддршка за нашите највозрасни сограѓани. Оваа мерка е знак на нашата постојана грижа и солидарност“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.
Автор: Никола Тасев
Откажан е денешниот концерт „Четири раце” на Димчо Величков (Бугарија) и Мариана Ковал (Украина), кој требаше да се одржи во Музејот на македонската борба за самостојност во рамките на Скопско лето. Од Фестивалот ги најавија содржините за следните три дена: Утре вечер ќе се одржи концерт на „Алтус НЗ“ ансамблот со почеток во 19:19 часот во Салон 19’19. Во петок, со почеток во 11:00 часот во Музејот на македонската борба за самостојност ќе се одржи промоција на книгата „Предизвикот Ништо” од Давор Тоциновски, а во 20:00 часот на Амфитеатарот позади Спомен куќата Мајка Тереза ќе се одигра детска театарска претстава…
Хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи „aгуста бел 212“ кој беше вклучен во гаснењето на пожарот кај Визбегово, е повлечен поради силиот ветер и густиот чад. – Хеликоптерот на МВР „aуста бел 212“ беше упатен да помогне во гасењето на пожарот во Визбегово. Беа извршени повеќе фрлања на вода, но поради засилениот ветер и густиот чад, засега хеликоптерот е повлечен во базата, соопштија од МВР. Покрај хеликоптерот, во гаснењето на пожарот е вклучен и еден авион „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување. Пожарот се гасне и од копно и во акцијата се вклучени пожарникари од Територијалната противпожарна единица…
Пак се запали депонијата во Визбегово! Црн чад се шири кон Скопје, а силниот ветар го разгорува пожарот. Црниот густ чад предизвика голема вознемиреност кај жителите на Визбегово и Бардовци, кои масовно на социјалните мрежи испраќаат видеа и фотографии со прашање: Што гори? Од Противпожарната бригада на Град Скопје информираа дека веќе на терен се испратени четири противпожарни возила, кои заедно со две возила од ЈП „Комунална хигиена“ интервенираат за гаснење на пожарот.
На граничните премини утринава, според информациите на Авто мото сојузот на Македонија, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во северните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието и во источните од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе…
„Постојат индиции дека пожарот кој што во неделата изби покрај магистралниот пат Скопје-Блаце да е подметнат“, ова денеска го изјави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Според првиот човек на ДЗС на местото на избувнувањето на пожарот линијата на оганот била многу широка, за да може да се појави од фрлен отпушок од цигара. Директорот на ДЗС демантираше дека во текот на вчерашниот ден, некои манастири или цркви биле во опасност од пожарот. Исто така, информира Ангелов, не е точна веста дека изгореле куќи во Чучер Сандево.
Договор за неповратен грант од ЕУ во износ од 5,5 милиони евра, кои ќе се искористат за енергетски ефикасна рехабилитација на државните студентски домови, потпишаа Министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорот на Германската развојна банка за Југоисточна Европа, Клаус Милер. – Средствата се обезбедени преку Инвестициска рамка за Западен Балкан, специјализирана Регионална програма за енергетска ефикасност и го надополнуваат заемот кој Министерството претходно го обезбеди од Германската развојна банка за модернизација на државните студентски домови, информира МОН.
Локалните избори најверојатно ќе се распишат на 8 август. Ова го потврди претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој рече дека се ќе биде во рамките на роковите оти изборниот законик има две одредби. „Прво е одредбата да не биде повеќе од 90 или помалку од 70 дена. Втората ориентациона точка е Законот за локална самоуправа каде се вели дека изборите треба да се одржат во втората половина на октомври. Во рамките на овие два периода, ќе ги распишеме избори. Најверојатно во првата половина од август, рече претседателот на Собранието.
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски ги започна теренски посети, со цел подготовка на програмата за локалните избори заедно со граѓаните. Тој е уверен дека скопјани ќе му дадат шанса да го води градот, а како главни проблеми што ќе ги решава ги посочи хигиената, јавниот транспорт и сообраќајниот хаос, кучињата скитници, загадувањето… Тој вети и нов генерален урбанистички план за Скопје, со алтернатива за ширење на градот. На средбата во Бутел, покрај со граѓаните, тој се сретна со преставници на пензионерите и со просветните работници со кои разменија мислење за состојбата со образованието.