Општина Ѓорче Петров и годинава за сите првачиња обезбеди бесплатни училишни ранци и училишен прибор. Оваа иницијатива, според Општината, има за цел да им овозможи на децата еднаков почеток и сигурна училишна иднина. Покрај тоа, Општината и оваа година ќе обезбеди бесплатна ужинка за секое дете од прво одделение, со цел да се промовираат здрави навики и правилна исхрана, известуваат од таму.
Автор: Никола Тасев
Вчера заврши асфалтирање на дел од патот Петровец – Огњанци во должина од 800 метри. Градоначалникот на општина Петровец, Борче Митевски се заблагодари на жителите од Огњанци за трпението и разбирањето што го имале цело време додека се одвивале градежните работи на патот.
Вечерва, во 20:30 часот во Сули ан, во рамките на Скопско лето ќе се одржи концерт „Фрида од Македонија“, во изведба на аматерскиот женски хор „Фрида“, под диригентската палка на Сузана Турунџиева. Аматерски женски хор „ФРИДА“ е формиран во октомври 2023 година, а основач, раководител и диригент на хорот е Сузана Турунџиева.
Скопскиот кривичен суд ги прогласи за виновни Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за сурово малтретирање и убиство на кучето Феликс, кое умре на 7 јануари годинава како последици на нанесените повреди. Судот ги казни со три месеци за Крстевски, а 1.000 евра парична казна за Билбиловски. Ова е прва пресуда во Македонија со затворска казна за мачење животни. По угинувањето на кучето Феликс, се одржаа повеќе протести на кои граѓани, активисти и љубители на животни се собираа заеднички да побараат правда за убиеното куче и да испратат порака дека насилството врз животните мора да престане, а сторителите да бидат соодветно…
Армијата преку својот Фејсбук профил информираше дека во раните утрински часови 50 нивни припадници од составот на Првата пешадиска бригада, Извидувачко разузнавачкиот баталјон и баталјонот за врски биле ангажирани за гаснење на пожарот во општина Чучер Сандево. Пожарот што го зафати овој дел од Скопска црна гора е активен веќе две недели.
Левица, според најавата од претседателот Димитар Апасиев, на претстојните локални избори ќе настапи со сопствен кандидат за градоначалник на Скопје. „Овој пат ќе имаме свој партиски кандидат за Скопје. Сметаме дека сме доволно политички профилирани и дека нашата кандидатура ќе биде препознаена како вистинска алтернатива на досегашните елити“, изјави Апасиев. Тој најави и дека Партијата веќе објавила јавен оглас за кандидати за градоначалници, на кој пристигнале 20 пријави. Според Апасиев, Левица ќе се обиде да го засили своето влијание и во локалните совети, па затоа ќе има советнички листи во над 50 општини ширум земјата.
Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром Александар Трајановски, вчера оствари средба со жителите на населбата Стар Аеродром. Граѓаните на Трајановски му посочиле повеќе теми кои го засегаат нивното секојдневие, од хигиената на јавните површини, зеленилото и урбаното уредување, до прашањата поврзани со детските градинки, училиштата и паркирањето. Разговорите се одвивале во конструктивна атмосфера, а соговорниците покажале подготвеност да се вклучат во идните решенија.
Во општина Зелениково заврши првата фаза од теренската дезинсекција против возрасни форми на комарци. Од таму информираа дека за следната фаза на дезинсекција, жителите на Општината ќе бидатнавремено известени и се заблагодарија Центар за јавно здравје кои учествувале во спроведувањето на дезинсекцијата.
Што е ново во Скопје? Дознавате секој ден во урбаните вести „Ритамот на Скопје“ на Прва скопска ТВ од 16:45, 19:55, 22:00 и 01:00 часот. https://youtu.be/ccV9e4meWOg?si=KZb7p4ZELgG1P4PP&t=4
Ритамот на Скопје – Вашата нова дестинација за дневна информативна анализа! Секој работен ден во 16:45 часот на Прва Скопска Телевизија. Следете ја најновата информативна емисија која го отсликува пулсот на главниот град. https://youtu.be/0IroKEIahjU?si=gN3gQOvECHJajs1r&t=5