Утрово се отворија сите гласачки места. Според информацијата од ДИК гласањето се одвива без сатој и непречено. Првичните бројки на одзивот се очекува околу 10 часот.
Да видиме што вели законот, кој кандидат може да биде избран уште по првиот круг?
Има два услова, првиот е на гласање да излезат минимум една третина од запишаните избирачи во конкретната општина, а вториот услов е еден од кандидатите да освои над 50 отсто од гласовите од избирачите кои гласале.
Доколку не се исполнат овие два услова, тогаш во рок од 14 дена се органзира втор круг гласање, каде што изборната трка ќе ја продолжат само двајца кандидати кои во првиот круг имале најмногу гласови.
Во вториот круг победник е кандидатот што ќе освои повеќе гласови.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар

