Португалскиот парламент изгласа закон со кој се забранува покривање на лицето од „родови или верски“ причини на јавни места. Законот беше предложен од крајнодесничарската партија Чега.
Со него се забранува носење бурки и никаб што го покриваат целото лице – на повеќето јавни места. Покривање на лицето ќе биде дозволено само во авиони, дипломатски простории и верски објекти. За оние што ќе го прекршат законот, се предвидуваат парични казни од 200 до 4.000 евра.
Претседателот на Португалија, Марсело Ребело де Соуза, сè уште не го потпишал Указот за одобрување на законот. Тој може да стави вето или да го испрати на преиспитување во Уставниот суд.
Доколку законот стапи во сила, Португалија ќе се приклучи на повеќе европски земји со целосна или делумна забрана на покривање на лицето, како Австрија, Франција, Белгија и Холандија.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар

