Автор: Никола Тасев

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност и максимални температури од 35 до 41 степен. Попладне, претежно во планинските региони, ќе има услови за пороен дожд и грмежи, а ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со температура до 40 степени. Од недела температурите постепено ќе опаѓаат, а во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови и за невреме со силен ветер и појава на град.

Прочитај Повеќе

ТикТок се согласи да плати 400 милиони долари за спогодба со американските власти поради обвинувања дека собирал лични податоци од деца. Американското Министерство за правда ја тужеше платформата во 2024 година, тврдејќи дека им дозволувала на деца помлади од 13 години да отвораат профили без согласност од родителите. Според обвинението, со тоа бил прекршен американскиот закон за заштита на приватноста на децата. Спогодбата не предвидува TikTok да признае вина, но вклучува темелни промени во практиките за заштита на приватноста. Таа доаѓа и по промената на сопственичката структура на американскиот бизнис на TikTok, откако мнозинскиот удел беше пренесен на компанија зад…

Прочитај Повеќе

Тридневните интензивни трговски преговори меѓу САД и Канада завршија без договор. Американската администрација најави воведување царини од 50 отсто за одредени канадски производи, чија вредност се проценува на околу 20 милијарди долари. Новите давачки треба да стапат во сила веднаш по полноќ во сабота по локално време. Од администрацијата на Доналд Трамп велат дека Отава барала поголеми царински олеснувања од оние што Вашингтон бил подготвен да ги понуди. Канадскиот премиер Марк Карни, пак, соопшти дека ги прекинува преговорите и дека неговата земја ќе одговори со реципрочни мерки. Тој најави дека Канада ќе возврати „долар за долар“ на новите американски царини.…

Прочитај Повеќе

Синоќешниот музичко-сценски спектакл во Охрид, организиран по повод 35 години од независноста на Македонија, стана повод за нова политичка пресметка меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската и владејачката партија денеска разменија меѓусебни обвинувања околу визуелниот идентитет на настанот и начинот на неговата организација. Од СДСМ обвинија дека на државната прослава било погрешно прикажано македонското знаме, оценувајќи го тоа како „срамно и понижувачко“. Од партијата побараа Владата да објави која компанија била ангажирана, колку пари биле потрошени за организацијата и кој ќе понесе одговорност за, како што велат, понижувањето на државниот симбол. Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека станува збор за уметничка инсталација во…

Прочитај Повеќе

Делегација на Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, предводена од началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска ќе оддаде почит на осумтемина припадници на резервниот состав на Армијата кои загинаа кај месноста Љуботенски Бачила во 2001 година. Во рамки на одбележувањето ќе биде положено цвеќе на повеќе спомен-обележја во Ѓорче Петров, Волково, Љубанци и во касарната „Илинден“. Со активностите ќе се одбележи споменот на бранителите кои ги загубија животите за време на конфликтот во 2001 година. На 10 август 2001 година, при активирање на мина на патот кон Љуботенски Бачила, загинаа Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски,…

Прочитај Повеќе

Повеќе од еден милион жители се евакуирани од источниот дел на Кина, откако тајфунот „Дeлфин“ пристигна на копното и предизвика големи нарушувања во сообраќајот и секојдневниот живот. Најсилно беа погодени провинцијата Жеџијанг и подрачјето на Шангај, каде што беа откажани околу 1.400 летови. Тајфунот прво удри во градот Јухуан со ветрови до 150 километри на час, а потоа продолжи кон Венџоу, пред постепено да ослабне во тропска бура. Кинеските власти и натаму предупредуваат на обилни врнежи, опасност од поплави и свлечишта, кои се очекува да траат до средината на неделата. Во некои делови од Жеџијанг се прогнозираат и до 500…

Прочитај Повеќе

Американското Министерство за одбрана побара од одбранбената индустрија значително да го забрза производството на оружје за да ги надополни намалените залихи на муниција и ракетни системи. Од Пентагон соопштија дека приоритет е обезбедување доволно оружје за американската војска во услови на зголемени безбедносни закани. Заменик-министерот за одбрана Стив Фајнберг им даде рок од 21 ден на производителите да достават планови за побрза испорака и проширување на производствените капацитети. Во дописот се наведува дека повеќегодишните циклуси на развој повеќе не се прифатливи и дека е неопходно итно забрзување на производството. Анализа на Центарот за стратешки и меѓународни студии предупредува дека конфликтот…

Прочитај Повеќе

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Попладне на поедини места ќе има услови за изолирана нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а дневната температура ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје се очекува сончево и многу топло време со температура до 40 степени. Според прогнозата, многу топлото време ќе продолжи и во наредните денови, а високи температури ќе се задржат и во текот на ноќта. Во четврток и петок се очекуваат услови за локална нестабилност…

Прочитај Повеќе

Македонскиот фудбал денеска е во знакот на големото „црвено-црно“ дерби, откако од 17 часот на арената „Тодор Проески“ ќе се сретнат Вардар и Шкендија во натпревар од второто коло на Првата лига. Иако сезоната е на самиот почеток и по овој меч ќе следуваат уште три меѓусебни пресметки, дуелот се смета за прв сериозен показател за формата и амбициите на двата најголеми фаворити за титулата. Вардар влегува со блага физичка предност, бидејќи целата недела се подготвуваше само за дербито, додека Шкендија пред неколку дена играше европски натпревар против Хиберниан и веќе размислува за реваншот. Но Вардар има и поголем притисок,…

Прочитај Повеќе

Полицијата ноќеска на локалниот пат Илинден–Марино го уапсила 41-годишниот Д.В. од Скопје, кој управувал автомобил под дејство на алкохол и без возачка дозвола. При контролата било утврдено дека возачот на автомобил „Опел“ имал 2,13 промили алкохол во крвта, по што возилото му било одземено. За случајот е известен јавен обвинител, а по неговото целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава согласно член 297-а од Кривичниот законик. Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период. Од МВР апелираат до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност на…

Прочитај Повеќе