Силно торнадо го погоди селото Помас во југозападниот дел на Франција, при што се повредени 41 лице, а стотици куќи претрпеле штета. Локалните власти соопштија дека 15 лица биле пренесени во болница, меѓу кои и бремена жена која била повредена откако врз неа се урнале делови од куќа. Ветровите достигнувале брзина до 117 километри на час, корнеле дрвја, носеле покриви и оштетиле околу 300 домови.
Повеќе од 120 припадници на итните служби биле испратени на терен за справување со последиците од невремето. Околу 2.800 домаќинства во десет населени места останале без електрична енергија, а властите издале портокалово предупредување за грмотевици во голем дел од југозападна Франција.
Снимките од најпогоденото село Помас покажуваат искорнати дрвја, оштетени автомобили и делумно уништени куќи. Екстремното време предизвикало и проблеми во сообраќајот, со доцнења и откажувања на летови на аеродромите во Бордо, Марсеј, Ница и Тулуз. Поради град во француските Пиринеи била откажана и третата етапа од велосипедската трка „Вуелта а Еспања“. Невремето доаѓа по лето обележано со силни топлотни бранови и големи шумски пожари во Европа, а југозападна Франција беше меѓу најтешко погодените региони.
🌪️ Autres images très impressionnantes de la tornade qui a circulé au sud de Carcassonne dans l'Aude, depuis la commune de Verzeille. Des dégâts sont signalés. (© Denis Maréchal) pic.twitter.com/RYiuPm0Xt5
— Météo Express (@MeteoExpress) August 24, 2026
