Нафтен танкер е погоден со неидентификуван проектил во близина на брегот на Оман, соопшти британската служба за поморски трговски операции – УКМТО. Инцидентот се случил на околу 17 километри североисточно од местото Аш Шишах.
Проектилот ја погодил машинската просторија и го онеспособил танкерот, но сите членови на екипажот се безбедни. Засега не е познато каков проектил бил употребен, ниту кој стои зад нападот, а надлежните служби ги истражуваат околностите.
Нема информации ниту дали нападот предизвикал истекување на нафта или други последици врз животната средина. Инцидентот се случил во близина на Ормутскиот Теснец, еден од најважните светски поморски коридори за транспорт на нафта.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
