Автор: Никола Тасев

Провизии од 4,6 милиони евра биле платени за неповлечени средства додека изградбата на железничкиот Коридор 8 доцнела, соопшти ВМРО-ДПМНЕ повикувајќи се на наоди на Државниот завод за ревизија. Од партијата наведуваат дека ДЗР утврдил неефикасно управување со проектот, незавршени прва и втора фаза и пробивање на предвидените рокови. ВМРО-ДПМНЕ посочува и на наодот за ризик од губење европски грант од 61 милион евра наменет за третата фаза од железничкиот Коридор 8. Партијата за ваквата состојба ги обвинува СДСМ и ДУИ, оценувајќи дека во периодот на нивното владеење неодговорно се управувало со стратешките инфраструктурни проекти и јавните пари. Од ВМРО-ДПМНЕ бараат…

Прочитај Повеќе

Силна експлозија предизвика голем пожар во складиште за оружје во централна Бугарија, во близина на селото Царева Ливада, а засега нема информации за повредени. Пожарот избувнал во текот на ноќта и се проширил низ магацинскиот дел на фабриката, од едно складиште кон друго, соопшти регионалната гувернерка на Габрово, Кристина Сидорова. Според бугарските медиуми, објектот го користи компанијата ЕМКО, која и минатиот месец беше погодена од експлозија во друг свој погон. ЕМКО е во сопственост на бугарскиот трговец со оружје Емилијан Гебрев, чии објекти и претходно биле цел на напади кои бугарското обвинителство ги поврзува со руски оперативци. Бугарија во 2024…

Прочитај Повеќе

Победата на Алтернатива за Германија на изборите во Саксонија-Анхалт е дел од пошироките политички промени во Европа кои рускиот претседател Владимир Путин ги припиша на „системските грешки“ на западните глобалистички елити. АфД освои убедливо најмногу гласови во германската покраина со околу 2,14 милиони жители, но нема доволно пратеници за самостојно формирање влада. Путин изјави дека случувањата во Европа се последица на погрешните политики на Западот во областа на економијата, безбедноста и надворешната политика. Тој оцени дека изборните резултати во Германија и сличните политички тенденции низ Европа покажуваат дека граѓаните стануваат свесни за последиците од тие политики. Рускиот претседател повторно го…

Прочитај Повеќе

Новата концертна сезона на Националниот џез оркестар ќе започне на 7 октомври во Националната опера и балет со настап на американскиот композитор, аранжер и тапанар Ден Пјугач. Пјугач, кој е дел од современата њујоршка џез сцена, во 2025 година ја освои наградата Греми за најдобар албум на голем џез ансамбл. На концертот ќе настапат и пејачката и пијанистка Никол Зураитис, добитничка на Греми за најдобар џез вокален албум во 2024 година, како и трубачот и композитор Џонатан Сарага, а со оркестарот ќе диригира Џијан Емин. Билетите се во продажба преку „МК тикетс“, а студентите и пензионерите на денот на концертот…

Прочитај Повеќе

Големиот јубилеј – 50 години од постоењето на Општина Центар, вечерва се одбележува со четвртото издание на музичкиот настан „Нешто што ќе остане“ во Паркот на франкофонијата. На сцената настапуваат Слаткар, Дупер, Барбара Поповиќ, Лина Пејовска и 2 Бона, а водител на програмата е Сашко Коцев. Настанот е во организација на Општина Центар и е дел од активностите со кои се одбележува половина век од формирањето на општината. Од Општината посочуваат дека и годинава продолжуваат со поддршката и промоцијата на македонската музичка сцена и домашните артисти.

Прочитај Повеќе

По периодот на високи температури, денеска конечно следува разладување со дожд, засилен ветер и значителен пад на дневната температура. Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи, кои локално ќе бидат поројни и пообилни, над 15 литри на квадратен метар, проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе достигнува брзина над 40 километри на час. Температурите низ земјава ќе се движат од 12 до 19 степени наутро и од 27 до 33 степени во текот на денот. Позначително освежување се очекува во Скопје, каде максималната температура ќе достигне само 26 степени, а во…

Прочитај Повеќе

ЦИА објави 69 досега тајни претседателски разузнавачки извештаи кои откриваат што американските служби знаеле за Осама бин Ладен и Ал Каеда во годините пред нападите од 11 септември 2001 година. Меѓу документите е и извештај од септември 1998 година во кој аналитичар на ЦИА предупредил дека Ал Каеда би можела да насочи авион наполнет со експлозив кон американски град. Документот бил доставен до Белата куќа во времето на претседателот Бил Клинтон, речиси три години пред терористичките напади врз Њујорк и Вашингтон. Објавените материјали покажуваат дека ЦИА постојано ги предупредувала Клинтон, а подоцна и Џорџ В. Буш, дека Бин Ладен има…

Прочитај Повеќе

Најмалку 35 лица загинаа во пожарот на траектот „MV June Aster“ на Филипините, откако спасувачите пронајдоа уште 30 тела, соопшти филипинската крајбрежна стража. Пожарникарите синоќа првпат успеале да се качат на траектот, повеќе од 24 часа по избувнувањето на пожарот во близина на островот Палаван. Густиот чад и екстремно високата температура претходно ги спречувале спасувачките екипи да влезат во внатрешноста на бродот. На траектот, според официјалниот список, имало 134 лица – 117 патници и 17 членови на екипажот. Од водата околу запалениот брод досега биле спасени 43 лица, додека потрагата по останатите продолжува. „MV June Aster“ пловел од Манила кон…

Прочитај Повеќе

Украински поморски дрон ја нападна областа на пристаништето во рускиот црноморски град Сочи, при што се повредени осум лица, соопштија руските регионални власти. По ударот избувнал пожар на крајбрежјето, а оштетена е и инфраструктура во еден од најпознатите туристички центри во Русија. Сочи се наоѓа на околу 650 до 700 километри од украинската граница и во градот се наоѓа официјалната летна резиденција на рускиот претседател Владимир Путин. Градоначалникот Андреј Прошунин ги повика жителите да побараат засолниште и да останат смирени додека трае опасноста. Снимки објавени на социјалните мрежи прикажуваат силна експлозија во близина на крајбрежното шеталиште, по која се слуша…

Прочитај Повеќе

Сончево и топло време со мала до умерена облачност ќе преовладува денеска во Македонија, со температури до 35 степени. Во попладневните часови локално ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се движат од 10 до 18 степени, а максималните од 30 до 35 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со температура до 34 степени и слаб до умерен ветер од јужен правец. Во петок ќе остане сончево и топло, додека за време на викендот се очекуваат дожд, локални грмежи и значително опаѓање на дневните температури.

Прочитај Повеќе