Големиот пожар на хрватскиот остров Брач сè уште е активен, а повеќе од 200 жители и туристи биле евакуирани во текот на ноќта. Градот Милна, каде ситуацијата била критична, е одбранет од огнената стихија, а утрово во гаснењето се вклучиле и четири канадери. Евакуираните се сместени на безбедни локации, меѓу кои спортската сала во Супетар и пасторалниот центар во Постира. Според противпожарните служби, нема потешко повредени, но имало случаи на вдишување чад, а едно лице добило медицинска помош. Огнот во текот на ноќта се приближил до објекти во реонот на Милна, при што дел од нив биле оштетени. Пожарникарите остануваат…
Автор: Никола Тасев
Американските вооружени сили во изминатите 60 дена запреле 100 комерцијални бродови во рамките на блокадата на иранските пристаништа. Ниту еден брод не ја поминал блокадата без претходно одобрение од американските сили, соопшти Централната команда на САД – ЦЕНТКОМ. Американската војска наведува дека нејзините сили остануваат целосно фокусирани на спроведувањето на операцијата. Блокадата е дел од американските мерки насочени кон ограничување на поморскиот сообраќај кон и од иранските пристаништа. Таа следува по ескалацијата на конфликтот и нападите на САД и Израел врз Техеран кон крајот на февруари. Иран потоа го блокираше стратешкиот Ормутски Теснец. Со американската блокада, Вашингтон настојува да го…
Седмото издание на Скопскиот градски фестивал ќе се одржи од 18 до 26 септември со програма посветена на музичкиот и културниот дијалог меѓу Македонија и земјите од регионот. На фестивалот, во организација на Баги Комуникации, ќе настапат уметници од Македонија, Словенија, Албанија, Грција, Црна Гора и Бугарија. Програмата ги поврзува џезот, класичната музика, современото авторско творештво и музичкото наследство на Балканот, а дел од проектите се создадени специјално за фестивалот. Меѓу гостите е словенечкиот саксофонист и композитор Васко Атанасовски, кој ќе настапи заедно со Profundus. Посебен проект ќе ги обедини македонскиот контрабасист Мартин Ѓаконовски, албанскиот пијанист и композитор Гент Руши…
Земјите членки на БРИКС едногласно усвоија заедничка декларација во која изразуваат „длабока загриженост“ поради ескалацијата на војната на Блискиот Исток и повикуваат на максимална воздржаност. Декларацијата беше усвоена на првиот ден од самитот на лидерите на БРИКС во Њу Делхи, во период кога САД и Иран повторно разменуваат напади по затишјето во поголемиот дел од август. Членките повикаа да се избегнуваат сите потези кои би можеле дополнително да ја влошат ситуацијата и да предизвикаат нова ескалација. Во документот се нагласува определбата меѓународните спорови да се решаваат по мирен пат, преку дијалог, консултации и дипломатија. БРИКС се заложи и за мултилатерален…
Кривична пријава против 27 лица е поднесена до Основното јавно обвинителство Скопје поради сомнение за незаконско внесување категории во возачки дозволи, нивно издавање и употреба, соопшти МВР. Меѓу пријавените е и вработена во Одделението за управни работи Скопје, осомничена дека користејќи ја службената шифра незаконски менувала податоци во електронскиот систем. Според МВР, во периодот од септември 2020 до август 2026 година таа менувала претходно креирани барања или отворала нови и внесувала категории за кои подносителите не ги исполнувале законските услови. На овој начин биле издадени возачки дозволи на 21 лице со незаконски внесени категории, додека во уште еден случај постапката…
Две лица загинаа, а три се тешко повредени во директен судир на две возила што околу два часот по полноќ се случил на патот Илинден – Миладиновци, кај полициската база Брест. Според Основното јавно обвинителство Скопје, се судриле „опел корса“, управувана од 19-годишен кумановец, и „хјундаи и30“, управуван од 51-годишен жител на Марино. На самото место загинале 51-годишниот возач на „хјундаито“ и неговиот 18-годишен син, додека неговата 18-годишна ќерка е тешко повредена. Тешки повреди добиле и 19-годишниот возач на „опелот“ и неговиот 19-годишен сопатник, кои биле пренесени во болница во животозагрозувачка состојба. Обвинителството нареди обдукција на телата на загинатите, а…
Кредитниот рејтинг на Македонија останува на ниво „ББ+“ со стабилен изглед, потврди меѓународната агенција „Фич“, соопшти Министерството за финансии. Во најновиот извештај се оценува дека македонската економија покажува отпорност, а реалниот економски раст во вториот квартал од 2026 година забрзал на 4,3 отсто. Растот, според „Фич“, е поттикнат од силните резултати во градежништвото и преработувачката индустрија, како и од зголемената инвестициска активност. Капиталните расходи од јануари до јули пораснале за 40 отсто на годишно ниво, при што агенцијата ја истакнува реализацијата на големите инфраструктурни проекти, вклучително и коридорите 8 и 10д. „Фич“ очекува економската активност и натаму да биде поддржана…
Пожарите кои летово пеплосаа големи површини низ Македонија не стивнуваат и во септември, а во последното деноноќие биле регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор. Според Центарот за управување со кризи, до 7:30 часот утрово, три пожари се активни, четири се ставени под контрола, а 24 се изгаснати. Активни се пожарите кај селото Белица во Општина Македонски Брод и кај селото Брест во Општина Чучер Сандево. Со огнената стихија сè уште се води битка и кај селото Алдинци, на подрачјето на општините Крушево и Кривогаштани. Под контрола се пожарите кај Тајмиште во Кичево, градската депонија во Делчево и кај Копаница…
Тешка сообраќајна несреќа се случила доцна синоќа на патот Кичево – Гостивар, на потегот меѓу каменоломите и Гостивар. Според очевидци, во несреќата има загинати и повредени лица, но овие информации засега не се официјално потврдени. Поради несреќата патот бил целосно затворен, а возилата од правец на Стража кон Гостивар биле пренасочувани по локални патишта додека траел увидот. Од МВР засега нема официјални информации за бројот на жртвите и повредените, ниту за причините за несреќата.
Минимална плата од 600 евра, односно 36.960 денари, повторно предлага СДСМ со Предлог-закон кој по третпат го доставува во Собранието. Од партијата велат дека сегашната минимална плата од околу 26.000 денари е недоволна во услови кога синдикалната кошничка достигнува околу 70.000 денари, а трошоците на семејствата со кирија или станбен кредит надминуваат 90.000 денари. СДСМ тврди дека речиси цела минимална плата е потребна само за храна и безалкохолни пијалаци, додека дополнителен товар се трошоците за превоз, облека, образование и здравство. Опозициската партија го обвинува премиерот Христијан Мицкоски за луксузен живот и власта за трошење милиони евра за прослави, авион, службени…