Американските вооружени сили во изминатите 60 дена запреле 100 комерцијални бродови во рамките на блокадата на иранските пристаништа. Ниту еден брод не ја поминал блокадата без претходно одобрение од американските сили, соопшти Централната команда на САД – ЦЕНТКОМ.
Американската војска наведува дека нејзините сили остануваат целосно фокусирани на спроведувањето на операцијата. Блокадата е дел од американските мерки насочени кон ограничување на поморскиот сообраќај кон и од иранските пристаништа. Таа следува по ескалацијата на конфликтот и нападите на САД и Израел врз Техеран кон крајот на февруари. Иран потоа го блокираше стратешкиот Ормутски Теснец.
Со американската блокада, Вашингтон настојува да го спречи движењето на бродови кон иранските пристаништа и од нив и на тој начин да ги намали приходите на Техеран.
