Модернизираниот аеродром „Св. Апостол Павле“ во Охрид денеска официјално е пуштен во употреба по реконструкцијата вредна 2,7 милиони евра. Со инвестицијата на ТАВ Македонија е реконструиран патничкиот терминал, чек-ин просторот е проширен за дополнителни 100 квадратни метри, а бројот на шалтери е зголемен од шест на осум. Проширени се и зоните за безбедносна и пасошка контрола, просторот кај гејтовите и делот за подигање багаж, а воведени се нова опрема и технологија за побезбедно и поефикасно опслужување на патниците. Административната зграда е проширена од 290 на 746 квадратни метри, со нови простории за ТАВ Македонија, Граничната полиција и Царината, како и…
Автор: Никола Тасев
Сите поголеми пожари во скопскиот регион се изгаснати или ставени под контрола, покажуваат утринските податоци на Центарот за управување со кризи заклучно со 7:30 часот. Во моментов активни се три пожари, од кои два се на територијата на Општина Македонски Брод и еден во Општина Струга. Активен е пожарот на потегот меѓу селата Буринец, Локов и Селце во Струшко, каде гори нискостеблеста шума. Во Македонски Брод сè уште се интервенира кај селото Белица, на потегот кон Брезница кај репетиторот, како и кај селото Бенче, каде е регистриран шумски пожар. Под контрола се пет пожари, меѓу кои и пожарите кај селата…
Главниот државен обвинител на Украина, Руслан Кравченко, поднесе оставка по обвинувањата за корупција поврзани со заштита на нелегални телефонски центри и перење пари. Оставката следува откако украинските антикорупциски истражители викендов извршиле претрес во неговите канцеларии и соопштиле дека откриле криминална шема во која бил вмешан функционер од обвинителството. Според Националното биро за борба против корупцијата – НАБУ и Специјализираното антикорупциско обвинителство – САПО, мрежата примала пари за да ги заштитува центрите кои вршеле телефонски измами и испрала милиони. Истражителите тврдат дека дел од парите биле користени за купување недвижности, накит и други вредни предмети. Кравченко ги отфрли обвинувањата како неосновани…
Најмалку 73 лица се повредени во нов бран напади на јеменските Хути врз Саудиска Арабија, по што коалицијата предводена од Ријад најави решителен одговор. Меѓу повредените има жени и деца, соопшти портпаролот на коалициските сили, генерал-мајор Турки ал-Малики. Според саудиската страна, Хутите нападнале цивилни и економски објекти во градовите Абха, Хамис Мушаит, Џазан и Наџран. Ал-Малики ги оцени нападите како директна закана за безбедноста на населението и кршење на суверенитетот на Саудиска Арабија. Здружената команда на коалицијата најави дека ќе ги преземе сите потребни оперативни мерки за да ги одврати Хутите и да ги неутрализира изворите на закана. Новата ескалација…
Со инвестиција од 2,7 милиони евра се заврши првата поголема модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, кој денеска официјално ќе биде пуштен во употреба по реконструкцијата што започна во средината на јули. На свеченоста по тој повод ќе присуствуваат премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и извршниот директор на ТАВ Аеродроми, Серкан Каптан. Во првата фаза е реконструиран патничкиот терминал, а чек-ин просторот е проширен за дополнителни 100 квадратни метри и бројот на шалтери е зголемен од шест на осум. Проширени се и зоните за безбедносна контрола и рачен багаж, просторот кај гејтовите, делот…
Нови руски воздушни напади го погодија Киев рано утрово, само неколку часа по заминувањето на американските мировни претставници од украинската престолнина. Во нападите со балистички ракети се повредени најмалку шест лица, а повеќе луѓе останале заробени во погодена станбена зграда, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко. Оштетени се петкатна и трикатна зграда, додека на повеќе локации во Киев избувнале пожари по падот на остатоци од ракетите. Додека во украинската престолнина одекнувале експлозии, Полска ја активирала својата воена авијација заради заштита на полскиот воздушен простор. Нападите следуваат по тричасовните разговори на американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер со украинскиот претседател Володимир Зеленски…
Најмалку 12 лица загинаа, а повеќе се повредени во два израелски напади извршени рано утрово врз село во јужен Либан. Во првиот напад била погодена зграда во која загинале 11 лица, меѓу кои две деца и четири жени, додека осуммина биле повредени, соопшти либанското Министерство за здравство. Во вториот напад бил погоден автомобил, при што загинал припадник на либанска спасувачка организација, а уште две лица биле повредени. Израелската армија соопшти дека нападите биле одговор на два напада со дронови на Хезболах насочени кон израелски војници во Либан.Според израелската страна, една од целите бил припадник на Хезболах за кој се тврди…
Македонија денеска одбележува 35 години од историскиот 8 Септември 1991 година, денот кога граѓаните ја избраа независноста и самостојноста на својата држава. Пред три и пол децении, во време на распад на поранешна Југославија и голема политичка и безбедносна неизвесност во регионот, Македонија по мирен пат тргна кон сопствена државност. Процесот беше најавен уште на 25 јануари 1991 година, кога првиот повеќепартиски македонски парламент ја усвои Декларацијата за сувереност на Република Македонија. Клучниот историски момент дојде на 8 септември, кога граѓаните на референдум одговараа на прашањето дали се за суверена и самостојна Македонија, со право да стапи во иден сојуз…
Две нови изведби на мјузиклот „Као Какао“ се закажани за 10 и 11 септември од 20 часот во МНТ, со што започнува неговата прва целосна театарска сезона. Интересот за претставите е голем и двете изведби се пред распродавање, по успешната премиера во јуни и летните фестивалски гостувања. „Као Какао“ летово настапи на Битолското културно лето, го затвори фестивалот „Охридско лето“ и гостуваше на „Град театар Будва“ во Црна Гора. Заедно со јунските претстави, мјузиклот досега го виделе околу 6.000 гледачи во Македонија и Црна Гора. Станува збор за оригинален македонски мјузикл инспириран од музиката на Влатко Стефановски, во кој неговите…
Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност ќе преовладува денеска во земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а максималните температури ќе се движат од 30 до 36 степени. Утринските температури ќе бидат во интервал од 8 до 19 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе достигне до 36 степени. Во среда и четврток попладне се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално се можни невреме и град. Услови за локална нестабилност со пороен дожд,…