Три лица загинаа во нов американски воен напад врз брз брод во Карипското Море, соопшти Јужната команда на американската војска. Според американската страна, пловилото се движело по познати рути за шверц на дрога, а нападот бил извршен врз основа на, како што наведуваат, потврдени разузнавачки информации. Американската војска не објави дополнителни детали за идентитетот на загинатите, ниту докази за товарот што го превезувал бродот. Администрацијата на претседателот Доналд Трамп тврди дека пловилата кои се цел на ваквите операции во Карипското Море се поврзани со трговија со наркотици. Од почетокот на американските напади врз вакви пловила во септември 2025 година, на…
Автор: Никола Тасев
Најмалку пет лица загинаа, а 86 сè уште се водат како исчезнати по голем пожар на траект на Филипините, соопшти крајбрежната стража. Од траектот „MV June Aster“ досега се спасени 43 лица, а на бродот според официјалниот список имало вкупно 134 патници и членови на екипажот. Траектот во средата испловил од Манила кон популарната туристичка дестинација Корон, кога бил зафатен од пожар во близина на островот Палаван. На бродот патувале 117 патници и 17 членови на екипажот. Голема операција за пронаоѓање на исчезнатите продолжува, но спасувачите се соочуваат со високи бранови и исклучително силни морски струи. Поради лошите временски услови,…
Војната со Иран би можела да продолжи до крајот на претседателскиот мандат на Доналд Трамп, па дури и до инаугурацијата на нов американски претседател во јануари 2029 година, објави „Волстрит журнал“. Според весникот, вакво предупредување приватно му пренеле високи претставници на администрацијата, меѓу кои потпретседателот Џеј Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио. Нивната проценка е дека Техеран би можел уште долго да се спротивставува на американскиот притисок, поради што конфликтот може значително да се одолжи. Овие проценки се разликуваат од јавните изјави на Трамп, кој во средата рече дека очекува војната да заврши веднаш по американските конгресни избори во…
Цената на електричната енергија за домаќинствата можно е да се намали со новата методологија што ја подготвува Владата, најави премиерот Христијан Мицкоски. Тој изјави дека основната цел е најмалку да се задржи сегашната цена, но дека ќе се направи обид струјата и да поевтини. „Ако ништо друго, барем да ја задржиме истата цена, а зошто да не и се обидеме да ја поевтиниме“, рече Мицкоски при посетата на Штип. Премиерот посочи дека во досегашниот период од мандатот на Владата немало зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата. Според него, состојбата во енергетскиот сектор во моментов е стабилна и покрај…
Македонската одбојкарска репрезентација со пораз го започна своето четврто учество на европските првенства, откако вечерва во Софија загуби од Бугарија со 3:0. Домаќинот, кој е актуелен светски вицешампион, славеше за 75 минути со 25:17, 25:19 и 25:18. Капитенот Никола Ѓоргиев беше најефикасен кај Македонија со осум поени, додека Љафтов и Савовски освоија по пет, а Бугарија ја предводеше Александар Николов со 19 поени. Следниот натпревар Македонија ќе го одигра во петок против Украина.
Директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, се подготвува да преземе значително поголема улога во американските преговори со Русија и Украина, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори запознаени со плановите. Целта на можната промена е да се придвижат дипломатските напори за запирање на војната, откако досегашните преговори предводени од Стив Виткоф и Џаред Кушнер не донесоа пробив. Според изворите, Ретклиф би можел да стане водечка фигура во посредувањето меѓу Москва и Киев, истовремено задржувајќи ги директните контакти со разузнавачките служби на двете земји. Конечна одлука од американскиот претседател Доналд Трамп сè уште нема, а од ЦИА не сакале да ги коментираат…
Американскиот претседател Доналд Трамп во денешниот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин побара што побрзо завршување на војната во Украина, соопшти Кремљ. Според советникот на Путин, Јуриј Ушаков, двајцата претседатели оцениле позитивно дека американските мировни преговарачи Стив Виткоф и Џаред Кушнер во текот на викендот ги посетиле Москва и Киев. Путин во разговорот му ја претставил на Трамп својата проценка за состојбата на бојното поле и своето гледиште за тоа што САД би можеле да направат за завршување на конфликтот. Рускиот претседател, според Ушаков, нагласил и дека Москва нема непријателски планови кон Европа. Трамп оценил дека брзото завршување на…
Централната прослава по повод 35-годишнината од независноста на Македонија денеска се одржа на платото пред Владата, каде пред присутните се обрати премиерот Христијан Мицкоски. Тој порача дека 8 Септември е многу повеќе од празник и потсети дека на референдумот во 1991 година граѓаните го оствариле историскиот стремеж за независна и суверена македонска држава. Мицкоски оцени дека во изминатите три и пол децении земјата изградила институции и сопствен монетарен и економски систем и станала членка на Обединетите нации и НАТО, но истовремено поминала низ кризи, конфликти и политички поделби. Според него, државата мора отворено да зборува и за изгубените години, пропуштените…
Модернизираниот аеродром „Св. Апостол Павле“ во Охрид доби целосно нов изглед во кој современата функционалност е споена со културното и историското богатство на Охрид. Ѕидовите и просториите на терминалот се украсени со силна локална симболика, па патниците уште при пристигнувањето добиваат впечаток дека влегуваат во мал музеј. Посебно место заземаат репликите на старите мозаици пронајдени во охридската Варош и на Плаошник, кои се вградени во новото визуелно решение на аеродромот. Во терминалот е поставена и реплика на фреска од катедралната црква „Света Софија“, со што е претставено уште едно од најзначајните обележја на културното наследство на Охрид. Вицепремиерот и министер…
Државниот врв и политичките партии упатија честитки по повод 8 Септември – Денот на независноста, потсетувајќи на историската одлука на граѓаните пред 35 години. Во пораките доминираат повиците за заедништво, зачувување на државноста, подобар живот, еднаквост и продолжување на европскиот пат. „Пред 35 години го доживеавме нашиот трет Илинден, кога вековниот сон за слободна и независна македонска држава стана реалност“, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Таа истакна дека со референдумот од 8 септември 1991 година граѓаните го заокружиле делото на илинденците и асномците, создавајќи национален и заеднички граѓански дом без оглед на етничката и верската припадност. Според Сиљановска-Давкова, денешната генерација има…