Автор: Никола Тасев

Хималајските глечери губат маса за 65 проценти побрзо отколку пред една деценија, а ново истражување предупредува дека најголемиот планински систем во светот се приближува до критична точка. Забрзаното топење создава сè поголеми и понестабилни глацијални езера, додека одмрзнувањето на пермафростот ги дестабилизира високите планински падини и ја зголемува опасноста од верижни природни катастрофи. Од проценетите 40.000 глечери во регионот Хималаи–Каракорум, само 21 се следат детално и континуирано, што дополнително го отежнува навременото откривање на опасностите. Ризикот е особено голем во Индија, каде Хималаите зафаќаат околу 18 проценти од територијата, но на регионот отпаѓаат дури 35 проценти од природните катастрофи во…

Прочитај Повеќе

Собранието на Косово денеска со 62 гласа повторно го избра Албин Курти за премиер, по што беше изгласан и составот на новата Влада. Курти пред пратениците ја претстави владината програма, која во најголем дел е идентична со програмата презентирана во февруари годинава. За прв заменик-премиер и министер за надворешни работи и дијаспора е избран Глаук Конјуфца, додека Доника Гервала ќе биде втора заменик-премиерка и министерка за правда. Трет заменик-премиер задолжен за прашања на малцинствата и соработка е Фикрим Дамка. Хекуран Мурати останува на чело на Министерството за финансии, Ејуп Маќедонци е избран за министер за одбрана, а Џељаљ Свечља за…

Прочитај Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп јавно го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да ги запре нападите врз руската инфраструктура за производство на дизел, предупредувајќи дека тие предизвикуваат недостиг на гориво. Трамп порача дека Украина може да напаѓа други цели, но дека треба да ги поштеди капацитетите поврзани со дизелот. Повикот доаѓа по серијата украински напади со оружје со долг дострел врз рускиот нафтен и гасен сектор, за кој Киев тврди дека директно ја финансира руската воена кампања. Во последниот напад врз Нижнекамск во Татарстан загинале две лица, а уште 14 биле повредени, соопштија локалните власти. Во градот се наоѓа голем комплекс…

Прочитај Повеќе

ДДВ за горивата се намалува од 18 на 10 проценти од 15 септември, одлучи Владата со цел да го ублажи ценовниот удар врз граѓаните и стопанството во услови на кризна состојба. Според владините пресметки, кај нафтата наместо очекуваното поскапување од околу пет денари, цената би требало да се намали за околу два денари и да изнесува приближно 99 денари за литар. Кај бензините се очекува зголемување од околу 3,5 денари, со што ЕУРОСУПЕР БС-95 би чинел околу 100,5 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 околу 102,5 денари за литар. Намалената стапка на ДДВ ќе важи од 15 до 28 септември. Владата оценува…

Прочитај Повеќе

Системот „Безбеден град“ од вчера почна да функционира на подрачјето на СВР Велес, а за само ден и половина се регистрирани околу 150 сообраќајни прекршоци во Велес, Кавадарци, Неготино и Демир Капија. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, денеска го посети модернизираниот команден центар на СВР Велес, од каде се реализираат активностите поврзани со системот. Според Тошковски, само во текот на вчерашните 24 часа биле констатирани околу 124 прекршоци, а денеска уште 27. Најголемиот дел од казните се за пребрзо возење, додека три до четири се за поминување на црвено светло. Новиот команден центар е…

Прочитај Повеќе

Педесет и тригодишен маж бил пронајден починат во својот дом на подрачјето на скопската општина Аеродром. Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 12 септември околу 13:25 часот, а лекар на местото констатирал смрт кај В.М. (53). По извршениот увид и по наредба на јавен обвинител, телото било предадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта.

Прочитај Повеќе

ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли обвинувањата на СДСМ за наводен криминал при организацијата на прославата на 35 години независност на Македонија, оценувајќи дека целиот процес бил отчетен и транспарентен. Од владејачката партија обвинија дека СДСМ и лидерот Венко Филипче користат „низок и уличарски речник“ и покажуваат недостаток на политичка зрелост. Според ВМРО-ДПМНЕ, опозицијата наместо да покаже државотворност, се спротивставила на прославата и на илјадниците граѓани кои присуствувале на централниот настан. Од партијата ги оценија како „небулозни“ тврдењата на СДСМ поврзани со организацијата и финансирањето на прославата. Во реакцијата се осврнаа и на настапот на светски познатиот диџеј Дејвид Гета во Скопје, посочувајќи…

Прочитај Повеќе

Кремљ го отфрли предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за директна средба со Владимир Путин на маргините на самитот на Г-20 во Мајами, оценувајќи дека таквата можност е неприфатлива. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, порача дека рускиот претседател е подготвен да разговара со Зеленски, но дека средбата може да се одржи единствено во Москва. Зеленски претходно изјави дека е подготвен да отпатува во Мајами доколку Путин учествува на самитот и двајцата лидери добијат покана за разговори. Украинскиот претседател нагласи дека целта на евентуалната средба треба да бидат конкретни резултати за завршување на војната, а не само размена на ставови. Киев…

Прочитај Повеќе

Вонредните избори за градоначалник на Брвеница на 18 октомври ќе бидат своевиден тест за популарноста на четирите политички блока кај гласачите, во општина во која македонското и албанското население се речиси изедначени. Изборите се одржуваат по ненадејната смрт на досегашниот градоначалник Јовица Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ, поради што неговиот мандат остана недовршен. ВМРО-ДПМНЕ во трката влегува со Стојанчо Радичевски, кого партијата го претставува како кандидат што треба да обезбеди континуитет на работата на починатиот градоначалник Илиевски. СДСМ го кандидира Јовица Радевски, ветеринар од приватниот сектор и актуелен советник во Советот на Општина Брвеница. Коалицијата Вреди настапува со Јакуп Хусеини, магистер по…

Прочитај Повеќе

Сто и три лица се спасени, 140 сè уште се водат како исчезнати, а едно лице загина по несреќа со патнички брод во Јаванското Море во Индонезија. Бродот „Virgo Transport 8“, на кој имало повеќе од 240 патници и членови на екипажот, го загубил контактот со копното за време на лоши временски услови. Пловилото во саботата тргнало од Сурабаја во Источна Јава кон Банџармасин во Јужен Калимантан на островот Борнео. Последната позната позиција на бродот била на околу 148 километри од пристаништето, по што повеќе не можело да се воспостави комуникација. Индонезиските власти започнале голема операција за пребарување и спасување…

Прочитај Повеќе